(Видео) Абрашев: Мостот кај Башино Село е опасност за граѓаните!

abrasev

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поројните дождови доведоа до зголемување на нивото на реката Вардар, а со тоа се зголеми и опасноста по безбедноста на сите минувачи по мостот кај Башино село❗️

Сите релевантни иституции како Заводот за испитување на материјалите, Градежниот факултет од Скопје, констатираа дека потребно е итно да се направат одредени санации на мостот кај Башино село, со цел да не се наруши неговата статика, а со тоа да се загрози безбедноста на секој што минува по него.

Како политичка партија во април 2022 година побаравме одговор од Министерство за транспорт и врски односно министерот Благој Бочварски „дали и кога се планира санација на постоечкиот или изградба на нов мост кај Башино село“.

Од таму добивме одговор дека предвидено е изградба на нов мост за кој преку ЈП за државни патишта се обезбедени финансиски средства и дека во завршна фаза е изготвувањето на проектната програма, но за жал и после повеќе од 1 година на терен не се случиле никакви градежни активности.

Ниту е саниран постоечкиот мост, ниту е почната изградбата на нов мост!

Со цел да не се доведе во прашање безбедноста на граѓаните што секојдневно го користат овој мост, но и нормалното функционирање на Градот Велес и околните општини бараме од Министерството за транспорт и врски итна санација на најоштетените делови од постоечкиот и започнување на изградба на нов мост!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ВЕЛЕС
21.06.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ