,,Политичката партија Левица, преку нејзините двајца пратеници, поднесе над 1200 амандмани против Законот за здравствена заштита, преку кој министерот за задгробен живот во заминување се обидува да ја приватизира брзата помош и трансплантацијата на органи.
Ова е недозволиво да се случува во скратена постапка и ние, како идеолошки профилирана партија, јавното здравје го третираме како национален интерес и нема да дозволиме да поминат овие штетни измени.”
Изјава на претседателот на Левица и пратеник – Димитар Апасиев.