Левица бара извинување од Амбасадорката на САД за албанската честитка до Џафери

левица црвено

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поради отсуство на државничка одговорност и национална свест, како и очигледниот вазалски менталитет на државниот врв на Република Македонија, Левица испрати Отворено писмо до Амбасадорката на САД – Анџела Прајс АГЕЛЕР, во кое бара ИЗВИНУВАЊЕ поради стимулација на јазична федерализација на Македонија!

426284527 965471584935906 148233075457536300 n

Имено, на 31 јануари 2024 година, од страна на Амбасадорката испратена е честитка на албански јазик до техничкиот претседател на Влада, амнестираниот воен злосторник, Талат Џафери. Иако испраќањето честитка претставува симболичен гест, сепак, беше погазен Уставот на Република Македонија (член 7).

Дополнително, со овој чин беше прекршена и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, која ги обврзува дипломатите да ги почитуваат законите и прописите на земјата во која се назначени за дипломатски претставници.

Сметаме дека овој потег на амбасадорката е спротивен на стратешките интереси на Македонија, подгрева меѓуетничка тензија, претставува отворена поддршка на трибалистичките политики на етнички профилирана политичка партија и поттикнува јазична федерализација, која го загрозува суверенитетот и унитарноста на Републиката.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ