Министрите за здравство, труд и социјална политика и земјоделство избегнаа јавна расправа за предлог-законот на Левица

афж кавер црвен

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Комисијата за здравство на Собранието, денес одржа Јавна расправа по Предлог – законот поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов за платено породилно отсуство за жените земјоделки, но на истата, за жал избегнаа да присуствуваат министрите за здравство, труд и социјана политика и земјоделство од владејачкото мнозинство на СДС.

На оваа седница обраќање имаше предлагачот на законските измени, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, а како дел од јавната расправа, присуствуваше и раководителката на АФЖ – Л, Весна Кираџиева.

Пратеникот, во своето обраќање истакна дека Левица, уште во април минатата година го поднесе Предлог-законот за платено породилно отсуство за жените земјоделки (Измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување), со кој се овозможува користењето на правото на надоместок поради бременост, раѓање и мајчинство на жените – земјоделки.

418190667 276978362051385 2065043677610074085 n

Тој ги посочи и забелешките во Извештајот на Европската комисија кои го истакнуваат токму истото она за кое Левица се заложува со Предлог-законот. Тие ја КРИТИКУВААТ власта, дека жените кои се регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени од системот на здравствено осигурување и немаат право на надомест во случај на некоја болест, повреда на работното место, породилно отсуство, мајчинство итн.

Во опширната јавна дискусија, апсолутна поддршка на Предлог-законот дадоа сите присутни претставници од граѓанските мрежи и организации со свои аргументи, а истиот најде на целосна поддршка и од останатите пратеници кои беа присутни на седницата.

Владејачкото мнозинство непотребно го одолговлекува носењето на овој предлог-закон, кога е очигледно дека има целосна поддршка од мнозинството во Собранието. Левица ќе продолжи да го турка процесот додека целта не биде остварена.

АФЖ – ЛЕВИЦА

11.01.2024

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ