Раководителката на АФЖ – Левица, Весна Кираџиева, заедно со нејзината заменичка, Лилјана Димовска, беа во посета на огранокот во Кратово и имаа прилика да го видат простор каде огранокот ќе ги одржува отворените средби со граѓани и состаноците на членството.
Давид Крстаевски како претставник на Левица – Кратово оствари средба со раководството на АФЖ и заедно со Тони Кузмановски им ги презентираше идеите за разработување на овој нов огранок, ентузијазмот кај членството, но и предизвиците и притисоците со кои се соочуваат кратовчани, но и самите тие, како членови на Левица.

Кираџиева истакна, дека отворањето на канцеларија и новиот огранок во Кратово, ќе значи пркос во очите на „ѕинговистите“ кои го имаат окупирано Кратово и се однесуваат како да е тоа нивна лична сопственост, додека градот тоне во руина и цути иселување на младите во потрага по достоинствен живот, надвор од прангите на партизацијата која го јаде темелот на македонската државност, но и темелот за достоинствен живот на вредната работничка класа.
Левица во Кратово значи нов зрак НАДЕЖ за оние кои тука живеат под притисоци, закани и уцени. Отворањето на новата канцеларија на Левица во Кратово, значи нов зрак ХРАБРОСТ за оние кои досега се плашеле да кренат глас против развратот на досегашните власти, кои го окупираат општествениот систем, не нудејќи притоа ништо добро за народот тука.

Затоа кратовчани, храбро – за ЦРВЕНО КРАТОВО!