Да живее победата над фашизмот

делегација од ЦК на Левица

Во чест на Денот на победата над фашизмот, делегација од членови на Централниот комитет на Левица учествуваа на церемонијата, организирана од страна на Амбасадата на Руската федерација.

Делегацијата положи цвеќе пред спомен-плочата, подигната во чест на паднатите борци во борбата против фашизмот.
Македонскиот народ, рамо до рамо со другите угнетени работнички народи, со голем број жртви и страдања, придонесе во макотрпната борба за ослободување од канџите на фашизмот.

Да бидеме ние генерациите кои гордо и достоинствено ќе го возобноват антифашистичкиот и борбен дух на нашите предци!

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
9 мај, 2022

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ