Општина Демир Хисар важи за предел во кој мајката природа не штедела. Реки, планини, ливади и чист воздух кој во денешно време е луксуз. За жал, убавата слика за демирхисарската природа ја “красат” и валканите улици и тротоари, масовната сеча на дрва, запоставените паркови и зеленила и дивите депонии кои сигурно ги има во троцифрен број.

Левица ЛО – Демир Хисар смета дека треба Општина Демир Хисар во координација со ЈП Комуналец – Демир Хисар, во најкус можен рок да ги расчистат сите диви депонии во општината, да постават знаци за забрането фрлање на отпад и што е најважно, да почнат да го собираат комуналниот отпад од сите села во Општина Демир Хисар!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕМИР ХИСАР