ДПМНЕ во Битола со 15 милиони денари долг ги загуши јавните претпријатија во една година

левица црвено

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Погубниот тренд на генерирање долгови на јавните претпријатија и нивно катастрофално менаџирање продолжува и со локалната власт на ДПМНЕ. Наместо кривична пријави за корумпираното работење на претходните локални власти од СДС поради неодговорно раководење со јавните претпријатија, градоначалниците на ДПМНЕ продолжуваат да ги задолжуваат општините и општинските претпријатија.

Катастрофална е ситуацијата во општина Битола, со која раководи градоначалникот од редовите на ДПМНЕ, Тони Коњановски. Финансиските извештаи покажуваат дека, само во една година, долгот во три јавни претпријатија во оваа општина се зголемил за неверојатни 15 милиони денари!

351318001 781751693597232 7541837013310423911 n

Најкритична е состојбата во битолското ЈП Водовод, каде долгот се зголемил за 10 милиони денари и на крајот од 2022 година изнесувал речиси 18.500.000 денари.

Со оглед на фактот дека голем дел од општините прв пат се задолжија со кредити, како што беше случајот со општина Аеродром, јавно прашуваме дали на овој начин партијата на Мицкоски ги финансисира своите скапи предизборни активности?! Веќе воспоставена пракса е овие две криминогени партии да ги цедат буџетите на централно и локално ниво за свои лукративни цели, а особено кога е во прашање предизборен период.

Јасно е дека овие две партии немаат капацитет да излезат од своите тесно партиски интереси и три децении меѓусебно ги амнестираат своите криминали, додека јавните институции се загушени во партизација, нефункционалност и долгови. Впрочем, нивниот модус операнди единствено почива на владеење преку партиски вработувања и тендер-зделки, без кои овие две партии веднаш би биле избришани од политичката сцена.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

06.06.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ