Касами повика на рушење на уставниот поредок – ОЈО итно да постапи

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен коалиционен партнер на ДПМНЕ во советот на Тетово, сецесионистот Билал Касами, честитајќи го Денот на знамето на Албанија, упати јасна ИРЕДЕНТИСТИЧКА ПОРАКА, каде изјави дека Македонија ќе стане трета албанска држава!

Оваа изјава претставува своевидна кулминација на долгата низа крајно националистички, етнотрибалистички и максимално сецесионистички ставови и дела на т.н. албански политички партии во Македонија по повод Денот на албанското знаме.

407239754 925233608959704 4291787285234187285 n

Додека во Уставот е јасно наведено дека Македонија нема територијални претензии и дека го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави – иредентисти како Касами отворено го подриваат уставниот поредок и суверенитетот на Македонија.

Затоа, ваквата заканувачка изјава не смее да наиде на молк од страна на Јавното обвинителство кое го повикуваме да отвори предмет за сторени кривични дела: Повикување на насилна промена на уставниот поредок и Загрозување на територијалната целина.

Јавно ги повикуваме „патриотите“ од ДПМНЕ и „европјаните“ од СДС да ја осудат оваа изјава на Билал Касами и да објаснат на македонските граѓани – како со вакви сецесионистички албански политички партии, кои отворено ги искажуваат своите ставови за ОТЦЕПУВАЊЕ од Македонија и креирање на Голема Албанија, можат да коалицираат и да „планираат европска иднина“?!

01.12.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ