Одговорност за грозоморното убиство во Кочани!

левица црвено

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

За жал, пречесто сме сведоци на фемициди кои се шокантни за целата македонска јавност. Последната трагедија во Кочани открива сериозни проблеми во системот за заштита на жените жртви на насилство и треба да биде предмет на детално истражување и размислување од страна на надлежните органи. Континуирано се случуваат пропусти од институциите кои МОРА да се грижат за жените кои бараат помош.

Сите надлежни лица кои биле одговорни за заштитата на жртвата треба да се истражат и да се донесе соодветно решение. Полицијата и јавното обвинителство треба да работат во соработка за обезбедување на безбедноста на жртвите на семејно насилство со многу посериозен пристап, наместо несериозноста која ја имаат во случаите кога жените во континуитет пријавуваат семејно насилство и да не дозволат да се случат слични трагедии во иднина. МВР и ОЈО мора да престанат да ги штитат НАСИЛНИЦИТЕ!

Прашањата кои се поставени треба да бидат истражени соодветно од страна на надлежните органи и институции. Најважното е да се осигура безбедноста и справедливоста за сите граѓани и да се превенираат вакви грозоморни убиства и насилства во иднина.

384127999 890135165802882 8602106189068430738 n

Левица бара од надлежните институции, вклучително и од Оливер Спасовски, да одговорат пред јавноста како дошло до убиство на жртвата и покрај сите пријави, и што КОНКРЕТНО ќе преземат со цел подобрувањето на системот за заштита на жртвите и превенција на семејно насилството. Бараме да се идентификуваат пропустите, како и одговорност од лицата кои биле должни да постапат!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

25.09.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ