(Видео) Мециновиќ: На револуцијата претходи антифашистичката борба

амар

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ на Вториот Пленум:

„Ви се обраќам вам другарки и другари, соборци мои,

Исправен пред одговорноста прв да говорам пред луѓе на чии плеќи притиска тежината на историјата. Поединечно ни беа гласовите задушени, сега: мојот глас помеѓу вашите – го слушаат револуционери. Ви се обраќам вам, за нашата сила во обединувањето во вистината наспроти лагите на елитите и за нашата слабост, што сега сетта злоба врз нас ќе се втурне! Наоколу, надвор од оваа просторија, народните маси го слушаат повикот на слободата кој го извикуваме.

Врската помеѓу овие две времиња, оноа на потиштеността, на немоќтта и ова на громогласноста ја сочинувате вие. Сега народот слуша. Слушате вие, револуционерите. Кои низ своите живот ја увидовте историската задача да се распламне искрата во мракот. Искра која стана факел чиј блесок служи како патоказ кон обединувањето. И тогаш, како пожар на обединувањето на обичните луѓе кој го чисти коровот кој ја гуши почвата во која сме вкоренети, Левица се шири молскавично и наскоро ќе ги пристигне портите на нивните палати.

Голоракиот народ, разединенатата работничка класа под деценискиот притисок на немилосрдниот капитализам го пронајде во своите редови оружјето со кое ќе се одбрани. Децата на транзицијата се суштинска антитеза на економскиот и политички систем под кој робуваме со децении. Притивречност на болното распнување на народниот суверенитет, на незаузданоста на криминалот на наездата на неправда, ненаситноста на апетите за профит – вистината и љубовта за живот, за слобода на народот свој, ни ја одреди оваа улога, лице в лице подудирање кое ќе го ослободи духот од рамнодушноста, од омразата и мизантропија која како жиг ја втиснаа париите од буржоазијата на нашето сврзно ткиво. Возвишена е борбата на страната на потиснатиот, но покрај животворноста која ја носи повеќе од свесни да сме за непоколебливоста која се изискува, без компромис и докрај, како што политичката олигархија насрнува со немилосрдни удари, така повеќекратен треба да биде отпорот за да се ослободиме од фаталниот стисок. Кој гуши. Кој не држи во суспензија.

Суспендирани, постојано во меѓупростор, во бескрајна кризна состојба која се врзува преку економски, политички, здравствени, образовни и безбедносни кризи, одновно и одново. Зарем немате чуено? Немате ли насетено? Како тлее секогаш, некоја следна криза – не е ова само одлика на гнил и пропаднат систем, напротив, тоа е наменска хистерија. Бескрајната кризна состојба – овој фрлен превез кој создава бунило и чувство на тетеравење над бездна, со децении не тера на компромиси – доволно за да не не турнат надолу, доволно за да во бунилото да приватизираат, пљачкаат, заемно се амнестираат и ги распродаваат државните интереси. Да носат закони за странски фирми во кои нашите работници ќе работат над 70 часа неделно, да слават на банкети со домашни фирми поради кои живи горат нашите луѓе.

Суспендирани, постојано во меѓупростор, во лудилото на евроинтеграциите како втор столб на владеење на партиите од елитата. Купола под која се обединува сиот распад за кој сведочиме се тие. Од една страна, ние сме единствениот пример во историјата на меѓународните односи, на земја на која било насилнички наметната промена на државното име по желба на друга земја. И зошто да го чувстуваме овој национален срам? Наместо мир помеѓу балканските народи, евроатлантските интегациите ги разбудија сите сенки од минатото. Македонскиот народ е умствено, политички и економски колонизиран од страна на натофундаменталните и еврофундаменталните идеи и испостави на овој интерес.

Ние кон целта, а таа сè подалеку. Не треба да се влезе во ЕУ, исчекувањето и неизвесноста го хранат вечното деспотство на тие кои го започнаа бескрајниот процес – кој друг ако не тие? Трауматското врзување со овие разорувачки партии се содржи во тој последен чекор, кој од народот бара кротко однесување, а на штетниците им подарува бесконечност.

Банди. Злосторници ги запоседнаа целосно државниот апарат и финансиите во исти центри – она кое ние го нарекуваме партизација, е истовремено и фрагментација на работничката класа, на периферијата на империјализмот, девијантни фашистички облици го саботираат единственото оружје кое може да се спротистави на империјалистичкото јадро – нацијата и државата. Низ евроатлантскиот фундаментализам и потчинетоста се разбудија соседните иредентистички апетити, а историските лаги и ревизионизмот ја отпочнаа нашата нова пресметка со фашизмот. Таканаречениот. „европски фронт“, широката коалиција СДС-ДПМНЕ-ДУИ, ја исполнува платформата на неоврховизмот и необализмот. Ја замаглуваат нашата свест. 

Од изворот на бунилото, се пои со привид кој ја изопачува вистината. Поматеноста е првиот патоказ кој не води кон овој извор кој труе – за народот кој е одалечен од својата вистина, чести закани демнат.

Годините на ѓубрење на почвата за да израсне витален фашистички сноп, ни ги отапе сетилата. Во Македонија блесна музеј на жртвите на комунизмот – личности и организации кои ќе бидат предмет на рехабилитација, личности по кои ќе се именуваат потоа и фашистичките клубови во Битола и Охрид. Зад тоа историско руво, низ делата на личностите и организациите, се отсликува идеологијата и обликот на овој „ендемски фашизам“ – а тој е исконски непријател на македонскиот државен порив.

Една црна идеологија – на насилство, грабеж и помор за благородните идеи на единство и слобода на балканските народи. Поданичките и предавничките власти се обидуваат да ја стават македонската идеја на отстрел пред оваа идеологија. Остатоците од домашните предавници кои Народно-ослободителната револуција ги сотре, преживеаа во други земји скриени од последиците. Откако сме во западна прегратка, тие се сега повторно тука и сакаат да се пресметаат со нашата антифашистичка историја – која е врежан доказ во македонскиот народен дух.

Македонската држава, својата слобода ја платила со лична жртва и покрај загубите, го победила ѕверството на дејците кои се обидуваат да ги рехабилитираат – победила над михајловистичките идеи за поделба на Македонија.

На АСНОМ претходи бугарско фашистичко поробување на Македонија. АСНОМ е историска разврска пред која домашните врховисти сакаат да не вратат, во корист на нивните налогодавци. Исто такви околности се наметнуваат и сега – и ние сме веќе во борба!

Борба проткаена со истите мотиви како онаа на партизаните. Политичката револуција и еманципација на работничката класа кон која чекориме со нашите дела ние ја водиме заедно антифашистичката борба. Го носиме црвеното знаме во конечна пресметка, како антифашистички фронт на Левица и работниот народ, против т.н. „европски фронт“ – маска зад која демне неофашизмот. 


Левица во парламентот и во советите низ Република Македонија, ја врати народната воља во инситуциите и во рок од 4 години, ги симна сите маски на лажната поделеност на париите на буржоазијата, таа за целата јавност ја обелодени широката коалиција – за сега на сите нивоа да постои само една опозиција. Опозицијата е Левица.

Јасно е, не можат да не победат дур во нас горат идеалите. Ќе расцвета повторно секоја мртва гранка, помилувана од песните кои доаѓаат од зад нас, од минатото, песни кои ги пишувала војната. Покрај нас стои младината на оваа земја, со нас се обесправените, изнемоштените и погазените – како водилка кон веќе познат исход. Се ронат карпите под нашите чекори, карпи на лаги и експлоатација кои не држат во сенка. Ќе ги срониме нивните врвови кои го гледаат сонцето. Во дворците нивни, под нивните трпези се безживотните тела на нашите најблиски. На рацете им се дамките од нашата крв.

Затоа, да се потсетиме на патот кој одбравме да го одиме и против кого треба да се соочиме. Нашите класни и политички непријатели се вооружени со сиот информативен, безбедносен и финансиски капацитет на располагање. На нишан го држат цутот на слободата, но нивното оружје не може да ја победи вистината, нуту пак да спречи да се повтори историјата!

Затоа, ние ќе победиме!

Смрт на фашизмот, слобода на народот!

Да живее Левица!

Да живее АСНОМ! Да живее НОБ!

Да живее Република Македонија!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ