(Видео) Шовиќ: Левица е светлата точка на Балканот

IMG_20231205_151746_422

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Обраќање на Марко Шовиќ, член на Комитетот за меѓународни односи на НКПЈ, на Пленумот на Левица:

„Драги мои другари и другарки, почитувани членови на Централниот комитет и Президиумот,

Драг мој другар претседателе Апасиев, почитувани гости, претставници на амбасадите,

Огромно задоволство и чест ми е што имам прилика да ви се обратам и да ве поздравам од ова место. Би сакал да пренесам поздрави не само во мое име, туку и во име на останатите другари од Србија кои се денес тука. Од „Тенка црвена линија“, од „Револуционерната народна партија – Фронт“…

Како што гледате, денес нѐ има од разни организации од Србија. Тоа ви открива одредени детали. За жал очигледно е дека Србија уште е во одредена состојба како што била Македонија пред Левица. Ама од друга страна тоа ви говори уште една, побитна работа: Левица има многу пријатели во братската Србија.

Сега добив доста тешка задача после сите овие говори, да пронајдам нешто ново што  треба да се каже. Така што јас ќе бидам краток и ќе го кажам најбитното. Четири години поминаа откако се сретнавме последниот пат. Пред тоа се гледавме многу поредовно, јас овде доаѓав уште за време на студентските протести кои иницираа одредени случувања кои доведоа до овој величенствен собир и оваа сила на Левица која ја гледаме денеска овде пред нас. Четири години период кои донесе многу нови нешта, многу од работите се променија и работите изгледаат сосема поинаку.

Не само во поглед на Левица, што е секако позитивно, туку има многу негативни работи во светот што сведочиме во последните неколку години. Сведоци сме на нови конфликти и војни и сите знаеме кој е главниот виновник за сите конфликти и војни, крвожедниот империјалистички сојуз чие име е НАТО!

Кога бев прво одделение, мојот татко отиде во војна и од таа војна се врати фала богу. И од таа војна во нашата куќа не чувме ниту еден лош збор за припадниците на албанското национално малцинство, ама сум чул многу сочни пцовки кој се однесуваат на НАТО пактот. Мојот татко знаел против кого војувал и сите знаеме кој е главниот виновник за сите нарушени односи, за сите проблеми кои ги имаме овде. Гледаме дека тие го применуваат истиот шаблон и во Украина, создавајќи трагичен конфликт помеѓу братските народи. Гледаме како го подржуваат геноцидот над палестинскиот народ кој трае со години. Тешко е сега да се говори за бројките на починати деца, така што ќе го прескокниме тој дел, ама она што сакам да ви го кажам е тоа што во суштина, ништо не е ново тоа. Таа крвава турнеја, тоа трае веќе со децении и жртвите се многуте народи ширум светот.

Ама тоа што е ново, тоа е да по прв пат тие имаат јасен отпор и дека по прв пат навистина ќе ги скршат забите. Нов ден доаѓа во историската епохална смисла, ново сонце се раѓа од исток, многу ми е драго што  се денес присутни амбасадорите на Н.Р. Кина и Руската Федерација затоа што е тоа показател дека Левица е призната и препознаена од вистинската страна на историјата.

И како што тоа се раѓа ново сонце и како што ова сонце свети од овие преубави македонски знамиња од мојата лева и десна страна, исто така Левица денес сјае над Балканот. Левица е денес пример како се води доследно борбата за работничките права, за класното ослободување и за националното ослободување. И се надевам дека ние што сме присутни од Србија, ќе научиме многу и со овие преубави впечатоци, ќе се вратиме со нов жар, со нова искра за борба, во Србија да ја создадеме Левица, во Србија да го создадеме доследниот претставник на работниот народ, доследниот борец против империјализмот.

Уште еднаш ќе кажам дека Левица е вистинска сила на Балканот и како таква е препознаена и ви благодарам затоа што со својот пример ни ги отворивте очите, ни го покажавте патот и ви благодарам што во оваа борба заедно издржуваме и што допрва ќе се бориме. Навистина е време е за еден широк, голем и светски фронт во борбата против империјализмот. Сите оние прогресивни и слободољубиви сили, без разлика на националната и верската припадност. Ова е наша заедничка борба против светскиот негативец, тоа е борба за опстанок на човештвото. 

И за крај сакам да ви кажам – Да живее братството на македонскиот и српскиот народ!

Да живее антиимперијалистичката борба! 

Смрт на империјализмот, слобода на народот! 

Да живее Левица!

Одиме, работиме, ќе победиме!“

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ