(Видео) Волас: Внимавајте што посакувате – вашите политичари се потчинети на ЕУ елитите

мик волас mick wallace

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Обраќање на европратеникот Мик Волас на Вториот Пленум на Левица на 2-ри декември:

„Голема е честа што имам прилика да застанам овде и да говорам пред вас.

Како и вие, така и ние, на нашиот посебен начин, се обидуваме да работиме кон создавање поправеден свет. Ние би сакале да видиме фер општество, општество организирано на фер начин. Во секоја земја во светот, не само нашата, не само во Европа, туку секаде. И за ова се бориме во секоја прилика која ја добиваме.

Не е лесно да се спротивстави на парите и моќта и статус квото. И тоа трае веќе долго време. Но, секогаш вреди да се бориме.

Како што знаете, ние сме во Европската парламент пратеници од Ирска. Не знам колку го гледате она што го правиме но, ние најчесто сме спротиставени на голем број европратеници во тоа што треба да го кажеме или направиме. Луѓето се малку збунети околу тоа што всушност е Европската унија. И знам дека многу години се зборува овде за тоа дали ќе се приклучите или не.

Но, мислам дека има голема конфузија за тоа што всушност е Европската унија. Европската економска заедница беше формирана во 1957 година – како економска унија. А се формираше и со ужасите на Втората светска војна на ум, сè уште многу живи во сеќавањето. Но, тие исто така, од почетокот се гледаа себеси како малку поцивилизирани од сите други.

Се зборува за поимот европски вредности. А кои се европските вредности? Велат дека се извор како инспирацијата од просветителскиот период, кој бил многу пред Втората светска војна. Но, тие заборавија да ви кажат дека просветителските идеи всушност биле користени за оправдување на колонијализмот и ропството, практикувани наутро, напладне и навечер многу, многу години од истите Европејци.

И понекогаш се прашувате колку работите се промениле. Кога се формираше Европската економска заедница, бевме оптимисти дека тоа ќе биде добро за Европа. Тоа би ги спречило Европјаните да се борат меѓу себе. Но, не беше толку едноставно. Пред да се формира ЕЕЗ во 1957 година, НАТО беше формиран во 1949 година од страна на Американците.

Американците го формираа НАТО, не како сојуз, туку како начин да им диктираат на Европјаните и за да се осигураат дека никој од нив никогаш нема да војува без нивна дозвола. Оттогаш тие се многу заинтересирани да ја држат Европа потчинета на империјата на САД и во тоа се прилично успешни, особено во последно време.

Колку што беше лоша Европската Унија во раните денови, во тоа имаше заслуги во одреден ден што ЕЕЗ во 1985 година, направи договори за морето. Донесовме таканаречен единствен европски акт. Тоа значеше дерегулација. Тоа значеше приватизација. Тоа значеше намалување на субвенциите со цел да се олеснат глобалните економии и мултинационалните компании на сметка на малата локална индустрија.

Тоа значеше поткопување на социјалната држава и социјална заштита, за која Европската Унија се фалеше дека е еден од нејзините принципи. Тоа беше 1985 година. Тоа беше почеток на неолиберализмот каков што го знаеме денес. Неолиберализмот, и многу луѓе во Западна Европа не сакаат да го користите зборот, бидејќи како што го опиша Ноам Чомски, тоа е капитализам со симнати ракавици.

Тоа е местото каде што интересите на елитите се приоритет пред интересите на обичните луѓе. И ние го трпиме тоа многу години. Тоа доведе до зголемена нееднаквост низ ЕУ, ЕУ која зборуваше дека сето тоа беше за мир. Не. Се работеше за моќта, но и тоа се смени. И ние го внесевме во договори.

Ние не го воведовме само неолиберализмот. Ние ја зацврстивме милитаризацијата на Европа. Европа секој ден се повеќе и повеќе се милитаризира. Сè повеќе пари од даночните обврзници на Европската унија се користат за гоење на воено-индустрискиот комплекс. Сега зборуваме за воена унија, а не само за економска унија. И јас видов писмо од вашето Министерство за надворешни работи минатиот септември, мислам дека беше.

Вашето Министерство за надворешни работи вели, тие се потчинуваат потпоно и ѝ кажуваат на ЕУ колку ќе бидат добри. Велат, сакаме да ја градиме Македонија врз вредностите на Европа. Навистина? Рекоа и дека ќе ги поддржат санкциите што ги воведе ЕУ.

Навистина? Бидејќи повеќето од нив се нелегални. И тие ја прекршија Повелбата на ОН.

Повелбата на ОН, за која не зборуваат многу веќе во Европската Унија. Тие зборуваат за меѓународниот поредок заснован на правила. Што Американците го измислија како нешто што може да го измислат додека одеа. Затоа што причината поради која не се јавуваат, зборуваат за Повелбата на ОН е затоа што ја прекршуваат секој ден.

Вашето Министерство за надворешни работи, вели дека сте желни да одите на мисиите на ЕУ, мисии за обука на ЕУ, во воените мисии на ЕУ во Африка. Што си замислувате? Што побогу македонски војници ќе прават долу во Африка?

Бев во Мозамбик минатата година со Комитетот за безбедност и одбрана. Бевме да видиме две трговски мисии на ЕУ. Сега може да кажете, што побогу правиме во Мозамбик? Ако не знаете каде е, земјата граничи со Јужна Африка. Навистина долу длабоко. Што правиме таму долу обучувајќи војници од Мозамбик?

407838952 926400958842969 5621001688262252914 n

Ќе ви кажам што правиме таму долу. Тренираме војници бидејќи имаше големо откритие за гас во Кабо Делгадо на северот на Мозамбик. Владата ја покани Тотал Енерџис од Франција да ги истражи можностите за негово ископување и покрај сите еколошки совети за отворање нови наоѓалишта на гас.

Откриле дека тоа е едно од најголемите наоди на гас со години. Тотал Енерџис велат, да, ќе го направиме тоа. Ќе ископуваме на копно, но се уште не на море затоа што е прескапо. И владата рече, ако сакате да ископате на оваа земја, треба сами да ја расчистите. Тие најмија платеници, „Тотал Енерџи“ од Франција, за да преселат 2.000 мали земјоделци од земјата со пиштоли.

Што се случи тогаш? Ова беше единствената муслиманска област во цел Мозамбик. Започна војната, тие земаа оружје за да ја заштитат својата земја, а исламските борци од соседните земји дојдоа да им помогнат. И сега има уште една војна. Војната ескалира, а ЕУ е таму долу обидувајќи се да ја расчисти таа земја за да може Тотал Енерџис да направи ебано богатство на сметка на луѓето од Мозамбик кои страдаат од климатските промени.

И сега што, кажете ми? Зошто Македонија да испраќа луѓе во Африка за да ги води битките на империјалистите? Да се водат битките на елитите? Зошто би го правел тоа? Дали е тоа вашата иднина? Дали е тоа она што го сакате? Имаме голем проблем во Европа. Зборуваме за себе како да сме мировен проект.

Но, маската се симна. Русија изврши инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година минатата година. Тоа беше нелегална инвазија бидејќи ја прекрши Повелбата на ОН и ние ја осудивме затоа што беше нелегална. Но, Европската унија не направи ништо за да ја спречи да започне. Го натеравме Столтенберг, шефот на НАТО, да дојде пред нашиот комитет за надворешни работи и безбедност и одбрана и да се пофали со фактот дека ја испровоцирале Русија да го направи тоа.

Но, сепак, ЕУ не сакаше војната да престане бидејќи САД и НАТО сакаа војната да се случи. Скоро две години подоцна, има над 200.000 Украинци од работничката класа како жртва за глупавата војна која ништо не значи за Украина. Тоа е апсолутна катастрофа за земјата. Ја жртвувавме земјата без добра причина.

ЕУ потроши досега 122 милијарди за да не престане војната. Ние работиме за војна, не работиме кон мир. И само да ви дадам мала статистика, над 80 проценти од политичарите во Европа сакаа оваа војна да се случи. Имавме амандман, имавме амандман за резолуцијата за Украина.

Баравме мир. Нѐ нарекуваа „руски марионети“ затоа што сакавме мир. Само затоа што не сакавме да ја поттикнеме војната. Ние, јас и Клер Дејли, ставивме амандман во резолуцијата за Украина во септември минатата година и повторно во декември. Нашиот амандман ја повика ЕУ да го максимизира својот потенцијал за започнување на дијалог за дипломатијата со цел да се стави крај на војната и да се постигне мир.

Дали знаете дека над 80 отсто од европратениците гласаа против тоа? Тие гласаа за војна. А сепак, истражувањата покажаа дека над 80 отсто од луѓето во Европа сакаат мир. Имате 80 проценти од политичарите кои сакаат војна. Имате над 80 проценти од луѓето кои сакаат мир наместо да се продолжи со казнување на Русија.

Воведовме санкции кои ги повредуваат луѓето во Европа и не ја повредуваат Русија. Имавме 17 отсто зголемување на цените на храната и 50 отсто зголемување на цените на енергијата затоа што сакавме да им помогнеме на Американците да ја дестабилизираат Русија без добра цел за луѓето во Европа.

На тој начин, ниту еднаш не баравме мир во Украина. Ниту еднаш во последните две години не баравме мир во Украина. Не ни беше гајле за Украинците и тоа е вистината. На исти начини на кој не ни беше гајле за стотиците илјади што загинаа во Авганистан. Милионите луѓе кои загинаа во Ирак, 400.000 кои загинаа во Јемен, сите ние сме за војна, ја поддржувавме војната во Сирија.

Бевме соучесници во сите овие злосторства и сега, сега ја имаме Газа. Го гледате на вашите телефони. 400.000 беа убиени во Јемен. 15.8 милиони биле гладни според ОН пред 18 месеци. Не сте виделе, не сте виделе ниту едно видео од тоа на вашите телефони или на ТВ екраните или на вашите соучеснички мејнстрим медиуми кои се дел од проблемот, а не дел од решението.

Сега гледаме, маските се симнати. Гледаме дека Европската Унија со Американците и Обединетото Кралство поддржуваат геноцид. Во Газа се убиени 7.000 деца. До денес се убиени над 4.000 жени. Вкупно 22.000 цивили. И ние го поддржуваме тоа. Ниту еднаш не го осудивме Израел.

Борел беше прашан: Она што го направи Хамас на 7-ми октомври, дали тоа е воено злосторство? Апсолутно, рече тој. И го прашаа, а она што Израел го прави денес во Газа, дали тоа е воено злосторство?  Не знам, вели, не сум лажго. Не, не. Тој е лажго.

Тие знаат дека Израел врши воени злосторства. Тие знаат дека Израел врши етничко чистење. Тие знаат дека Израел се ангажира за колективна казна. И што прават за тоа? Тие одат во Израел, отидоа во Тел Авив и му рекоа на Израел, ние стоиме со вас безусловно без разлика на се.

Дали е тоа Европската Унија во која сакате да се приклучите?

Секоја земја има предизвици. И како што рече Клер пред мене, ќе имате предизвици без разлика дали ќе трчате надвор од ЕУ или внатре во неа. Сѐ што ви велам е, внимавајте што посакувате.“

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ