Оваа квислиншка власт преминува и преку здравјето на децата за да им удоволи на своите надворешни господари

м.царовска

По синоќешното усвојување на фамозната концепција за образование од страна на Владата, уште еднаш се навраќаме на оваа тема и на штетноста на секој чекор со кој ваквата политика навлегува во сферата на образованието.

Воспоставувањето на воспитно образовниот процес во својата основа е функција на овозможување на оптимален раст и развој на детето. Од особен интерес на секое општество е да воспостави оптимален образовен систем кој во предвид ги има: карактеристиките на детскиот раст и развој и карактеристиките на животната средина во која детето расте. Кога се зборува за карактеристиките на детскиот развој се мисли на развој на психичките процеси и појави, имајќи го предвид и физичкиот развој. 

Организирирањето на образовниот процес треба да биде во склад со биолошките и психо-социјаните карактеристики на секој развоен период. Преземањето иницијатива за воведување реформи во образовниот систем започнува со констатирање на актуелните состојби. Актуелна состојба во државата и во светот е:  прогласена пандемија предизвикана од вирусот – КОВИД19.

Со цел да се даде јасен преглед на актуелната состојба ќе биде употребена социо-еколошката теорија на развој. Оваа теорија го разгледува развојот на детето во контекст на системот на односи што го формираат неговата или нејзината животната средина. Оваа теорија истакнува дека детскиот развој е производ на интеракцијата помеѓу индивидуалните фактори на созревањето, неговото потесно семејство/опкружувањето на заедницата и општествениот контекст. Сите овие фактори можат да бидат или стимулативни или рестриктивни. Промените или конфликтите во кој било  сегмент се одразуваат на детскиот развој.

Општеството како фактор се одразува на ниво на држава и во светски рамки. Во моментов, како во државата така и во светот, имаме состојба на глобална пандемија, затворени граници, ограничено движење и интеракција, изместување на сите претходно усвоени навики.

На релациско ниво се бележат промени во:

  • Семејство (промена во семејна динамика, болест, смрт во семејство, насилство во семејство)
  • Односот со врсниците (социјална изолација)

На индивидуално ниво промените се бележат во:

Ризик по физичко здравје

  • Ризик по ментално здравје (депресија, анксиозност, панични напади, страв, загриженост за сопственото здравје и здравјето на блиските, пореметување на ритамот на исхрана и спиење, интензивирање на опасноста од злоупотреба на супстанци).

    Во моментот секое ниво на влијание на детскиот развој е под висок степен на ризик. Целокупната состојба може да се дијагностицира како загрижувачка по физичкото и особено за менталното здравје на децата. Со цел заштита и унапредување на здравјето на целокупната популација потребно е да се дејствува да се отстранат факторите на ризик од секое ниво.

 

Piramida na interventsija na IASC za MHPSS

*Пирамида на интервенција на IASC за MHPSS

Пирамидата за интервенција на IASC за MHPSS во итни случаи ја промовира потребата за слоевит систем на комплементарни потпори што ги задоволува потребите на различни групи за време на итни случаи што е случјот со КОВИД 19. Се препорачува сите слоеви на пирамидата да се спроведуваат истовремено. Може да се забележи дека како мерка за заштита и унапредување на менталното здравје на населението во ниту еден момент не се наведуваат реформи во било кој сегмент на општественото живеење. Напротив, сите напори и ресурси се насочени кон воспоставување на стабилност во секој сегмент на општественото живеење.

Очигледно е дека на оваа квислиншка власт тргната слепо да ги исполнува нарачките на нејзините господари, по секоја цена ни здравјето и иднината на децата во државава  не ѝ се пречка, која не може да ја прегази по патот на кој е тргната.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ОБРАЗОВАНИЕ
3 март, 2021

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ