Ни под уставно име!

sirija-vojna

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица за НАТО

Дваесеттина години сме под константна проНАТО пропаганда. Кај граѓаните се наметна и расшири убедување дека ако Македонија не влезе во НАТО државата ќе се распадне, а ако влеземе во НАТО дека држават ќе процвета. Негативните сценарија се неколку. Едно од сценаријата е дека ако Македонија не влезе во НАТО дека државата ќе биде нападната и поделена од соседите. Друго сценарио е дека ако не влеземе во НАТО ќе има меѓуетнички вооружен судир. Трето сценарио е дека и да влеземе во НАТО шанси за меѓуетнички конфликт има, но во тој случај НАТО ќе интервенира и ќе ја спаси државата. Четврто сценарио е дека ако не влеземе во НАТО, ќе се зголеми сепаратизмот кај сограѓаните Албанци и ќе бараат да се подели државата. Петто сценарио кое се продава е тоа дека влезот во НАТО е услов за влез во ЕУ, односно дека ако не влеземе во НАТО, нема да може да влеземе во ЕУ и ќе останеме изолирани. Шесто сценарио е дека НАТО е услов за економски развој и ако не влезе државата во НАТО ние ќе изгниеме во сиромаштија. Најчудно од сите наметнати сфаќања од пропагандата е тоа што НАТО се поистоветува со демократија, почитување на право и човекови слободи и права. Еве преку едноставни примери кои се лесно проверливи зошто овие тврдења не се точни.

1. МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ НАПАДНАТА ОД СОСЕДИТЕ
Според основачкиот договор за НАТО (член 5), овој воен сојуз е надлежен да интервенира ако негова членка е нападната од друга држава која не е дел од НАТО. Единствени соседи кои не се дел од НАТО се Косово и Србија. Реална опасност од Косово или Србија со војска да влезат во Македонија не постои. Постои опасност од влез во РМ на вооружени паравоени групи, но справувањето со овие групи не е во надлежност на НАТО. За спречување на вакви групи единствени надлежни се безбедностите структури на РМ. Од друга страна, влезот во НАТО нема да ни гарантира дека соседните земји, кои се членки на НАТО, ако решат воено да не нападнат дека нема да ја нападнат Македонија. Така Турција и Грција во 1974 година војуваа меѓу себе иако беа членки на НАТО. При турската инвазија на Кипар, турската страна има околу 1000 загинати војска и цивили, а од грчка и кипарска страна од 4500 до 6000 жртви, војска и цивили.

2. ВЛЕЗОТ ВО НАТО НЕ ГАРАНТИРА ДЕКА НЕМА ДА ИМА МЕЃУЕТНИЧКИ ВООРУЖЕНИ СУДИРИ
Од 1961 год. до 2011 год. во Шпанија имаше вооружени судири помеѓу ЕТА (терористичка организација на етничките Баскијци) и шпанските државни вооружени сили, при што има 870 загинати и над 2000 потешко повредени. Овие судири почнаа во време кога Шпанија не беше во НАТО. Шпанија влезе во НАТО 1982 год, но вооружените судири продолжија уште триесет години. Во Турција од 1978 год., дваесет и пет години по влезот во НАТО сојузот, се формираше Курдската работничка партија и се интензивираа воените судири со турските безбедносни сили. Судирите траат се уште, а бројот на загинати Курди е од 34 илјади до 45 илјади како и бројот за загинати Турци е од 7 000 до 12500. НАТО силите не реагираа ниту во една прилика, затоа што не се надлежни.

3. НАТО НЕМА ДА ЈА ЗАШТИТИ МАКЕДОНИЈА ОД МЕЃУЕТНИЧКА ВОЈНА
Според член 5 од Договорот за НАТО, тој е единствено надлежен да интервенира ако земја членка на НАТО е нападната од друга држава која не е дел од НАТО сојузот. Ако има меѓуетничка војна НАТО не е надлежен да интервенира, како во случаите на Турција со Курдите и на Шпанија со Баскијците, Франција со Корзиканците, Британија со ИРА итн. НАТО не интервенираше.

4. НАТО НЕ ШТИТИ ОД ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА И СЕПАРАТИЗАМ
Шпанија е член на НАТО, но сепаратизмот во Каталонија денес е посилен од кога било. Официјалните НАТО водачи изјавија дека нема да се мешаат во внатрешните работи на Шпанија.

5. ВЛЕЗОТ ВО НАТО НЕ Е УСЛОВ ЗА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЕУ
Не постои ниту една норма од системот на Европската унија со која влезот во Унијата се условува со членството во НАТО. Во моментов САД, Канада, Исланд, Норвешка, Турција, Албанија и Црна Гора се членки на НАТО, но не и на ЕУ. Од друга страна, Шведска, Финска, Австрија, Ирска, Малта, Кипар се дел од ЕУ без да бидат членки на НАТО.

6. НАТО НЕ Е УСЛОВ ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОСПЕРИТЕТ
НАТО може да има некакво влијание за некаков економски развој, но далеку од тоа дека е услов за економски прогрес. Има земји кои не се членови на НАТО, а се економски силни земји. Такви се Шведска, Финска, Австрија, Малта и Ирска. Од друга страна, Бугарија стана член на НАТО во 2004 година, а во 2013, девет години подоцна, Бугарија ја зафатија протести против сиромаштија и корупција. Дури имаше и седум лица кои се самозапалија поради преголемата сиромаштија во знак на протест. Од друга страна, при евентуален влез во НАТО, државата ќе треба да издвојува повеќе пари од Буџетот за одбрана во ситуација на сиромаштија. Ќе мора да купуваме оружје од земји членки на НАТО кои се произведители на тоа оружје, во ситуација на сиромаштија и во ситуација кога нема реална закана за напад од некоја држава. Всушност веќе во Предлог Буџетот за 2018 година новата власт има предвидено зголемување на средствата за интеграција во НАТО за шест пати (од 151 на 935 милиони денари). И друго што загрижува е тоа што трошоците за НАТО кај сите членови имаат тенденција на зголемување.

7. НАТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОИСТОВЕТУВА СО ДЕМОКРАТИЈА
НАТО е воен сојуз. Тоа е спој на армии. Во армија нема демократија, туку има хиерархија и следење на команда, така што војска и демократија се неспојливи работи. Од друга страна Турција е член на НАТО, а таму човековите права секојдневно се кршат.

8. НАТО ГО КРШИ МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО
Почитувањето на меѓународното правото како принцип не е работа со која НАТО може да се пофали. Така НАТО со бомбардирањето на Либија ја прекрши резолуцијата за воспоставување на зона за забранет лет. Со таа резолуција НАТО имаше обврска секој авион на Либијската авијација кој ќе се дигне во воздух да го собори. Наместо тоа, НАТО авијацијата ја бомбардираше Либија. Од друга страна и водачките земји на НАТО не можат да се пофалат со почитување на меѓународното право. Така САД и Британија го бомбардираа Ирак без дозвола од ОН. Со овие интервенции, не што не се зголеми почитувањето на човековите права, туку напротив во овие држави стана тотален хаос и таму нема основни услови за живот, а камоли да станува збор за човекови права. Бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година беше оправдано со измислување на нова тактика наречена „нечлен 5“ и со тоа го легитимизираа напаѓањето на држави кои не извршиле агресија врз НАТО членките.

9. КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ НА МАКЕДОНИЈА И ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВО ОД НАТО
Непочитувањето на меѓународното право Македонија го почуствува на свој грб. Македонија има Привремена спогодба од 1995 годи со Р. Грција дека Грција нема да не попречува при интеграција во меѓународни организации. Таа спогодба е дел од меѓународното право, а НАТО, под притисок на Грција не ја испочитува таа спогодба, а за тоа крунски доказ е пресудата од Меѓународниот Суд на Правдата.

10. ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ЌЕ ЈА НАМАЛИ СУВЕРЕНОСТА НА РМ
Приближувањето на РМ кон НАТО во изминатите дваесет години истовремено значеше и континуирано откажување од низа аспекти на државниот суверенитет. Со текот на времето министерите за одбрана стануваа обични чиновници на НАТО кои доследно го спроведуваа добиените наредби за деформирање на одбранбените сили од армија во мала професионална формација. Со влезот на РМ во НАТО ќе се озакони одземањето на сувереноста за демократско одлучување според интересот и потребите на жителите на Македонија.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ