Законот за попис на населението ја повредува приватноста, тајноста и сигурноста на личните податоци – Да спречиме пописен фалсификат

закон за попис левица zakon za popis levica

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На интернет страницата за попис на населението е наведено дека личните податоци кои се прибираат со пописот се доверливи и се користат исклучиво за статистички цели?!
Ова е само уште една невистина која им се сервира на граѓаните, а со неа се овозможува полесна манипулација со личните податоци во насока на фалсификување на резултатите од процесот на попишување.

Дека информацијата дадена на интеренет страницата за попис на населението е невиситинита, говори членот 35 став 3 од Законот за попис. Овој член предвидува можност присутното полнолетно лице да даде податоци за отсутниот член на домаќинството без никаква изрична согласност од отсутниот член на домаќинството!? Таквата формулирана т.н. бланкетна норма, не само што остава преширок маневарски простор за манипулација на собраните податоци, туку е спротивнa и на чл. 8 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) – каде се утврдува дека секој го ужива правото на почитување на приватниот и семејниот живот, домот и кореспонденцијата. Според јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права ова право на приватност се протега и на личните податоци на граѓанинот!

Правото на заштита на личните податоци е сегмент на круцијалното право на приватност, предвидено исто така во цитираниот чл. 8 на ЕКЧП, што му овозможува на едно лице да ги задржи за себе сите свои персонални податоци и истовремено ги исклучува другите лица од запознавање со таквите сензитивни информации кои не сака да ги открие – без оглед дали тие „блиски лица“ се негови роднини, пријатели, другари, интимни партнери, деловни субјекти, колеги и сл. Во согласност со овој член од Конвенцијата, предвиден е и чл. 18 од нашиот Устав со кој е гарантирана тајноста и сигурноста на личните податоци.

zakon za popis levitsa zakon za popis levica

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ПРАВЕН СЕКТОР
27 февруари, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ