Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Местото на жената е во класната борба!

8-ми МАРТ – празникот кој ја отсликува женската храброст, борбата на жената во остварување на своите економски, социјални и политички права. Макотрпноста за остварување на овие права, како и местото на жената во работничката класа, минувало низ многу долг и трнлив пат.

Три жени се култот за борбата на жената да завземе место во општеството.

Почнувајќи од Роза Луксембург, која со својата пожртвуваност, на дело им покажала на жените дека нивното место е во класната борба. Нејзиниот пример го следела и германската политичаарка (левичарка) и борец за човекови права Клара Цеткин, чиј предлог бил празнување на интернационалниот ден на жената. Александра Колонтаи е жената која успеала да го убеди Ленин да го прогласи 8-ми Март како меѓународен празник на жената. 8-ми Март ја симболизира еманципацијата на жените-работнички како двигатели во борбата за воспоставување егалитарно општество со крајна цел: ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД СТЕГИТЕ НА КАПИТАЛОТ И СЛОБОДЕН РАЗВОЈ ЗА СЕКОЕ ЧОВЕЧКО БИТИЕ.

Ова не е ден на скапи подароци, ни ден за скапи боржујски забави. Ова е ден кога жената работничка треба гордо да ја исправи главата, силно да ја стисне својата тупаница и громогласно да извика:
СТОП! – за жестоката и немилосрдна експлоатација од страна на газдите капиталисти;
СТОП! – за социјалната неправда, нееднаквост и насилство;
Нашето ,,Стоп” мора силно да се слушне. Тоа е крикот на жената работничка, тоа е крикот за правда!

Затоа Левица ЛО Охрид, решивме на симболичен начин со цветни фигури од хартија, рачно изработени со традиционална јапонска техника – ОРИГАМИ, да им го честитаме празникот на жената, со поттик да се изборат за нивното место во работничката класа, како што е и мотото на нашата превземена инцијатива, за тоа да ги следат нивните сништа, да бидат похрабри, помудри, да го искажуваат гласно своето ЈАС, во оствaрувањето на нивните работнички права!
Левица Охрид им го честита 8 Март на сите жени!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ОХРИД
8 март, 2021

Најнови објави