Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица – Кочани: На предлог од советникот од Левица усвоени неколку одлуки во интерес на граѓаните

На 14.03.2022 година се одржа осмата седница на Советот на општина Кочани, како и продолжението на прекинатата седма седница. На истата беа усвоени повеќе корисни одлуки по предлог на членот на Совет на општина Кочани од редовите на Левица, Жаклина Филипова- Свеќаровска:

1. Донесена беше одлука за набавка на мерни станици за квалитетот на воздухот во склад со барањето на актуелна граѓанска иницијатива;

2. Се донесе одлука општината да организира јавна трибина за состојбата со загадувањето од страна на Пејпер Мил;

3. Усвоен беше заклучок дрвата кои се отстрануваат од јавни површини да се наменат за огрев на семејства во социјален ризик;

4. Усвоен беше заклучок за дополнително проширување на програмата за јавно осветлување со цел да се осветли и отворениот дел од пазарот со тезги за зеленчук и овошје;

5. Побарано беше Програмата на доброволното противпожарно друштво која што била изземена од финансирање при донесување на општинските програми дополнително да се стави на разгледување и да биде одобрена при првиот ребаланс на општинскиот буџет.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КОЧАНИ
15 март, 2022

Најнови објави