Балансерот од Рамковниот договор е реализација на етничката агенда наместо подобрување на условите во здравството

Беким Сали

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Случувањата во Министерството за Здравство, во првите 100 дена на оваа влада, покажаа дека приоритетите на Беким Сали не се да се подобрат условите во здравствените установи, туку да се реализира неговата етничка агенда!

Бесмисленоста на балансерот, кој произлегува од Рамковниот договор, приоретизира уште еднаш етничка припадност наместо образование, искуство и научни постигнувања, па Сали ќе го доведе Министерството во ситуација да доктори, фармацевти и административци со просек 6 бидат вработени само заради фактот што ја балансираат етничката застапеност, додека пак кандидатите со просек 10 бидат одбиени!

Левица стои строго на ставот дека табелите со етничка застапеност треба да бидат занемарени и единствено образованието, искуството и научните достигнувања на кандидатите за вработување, специјализација и доедукација да се земаат предвид.

На 20.04.2022, од страна на Раководителот на Секторот за управување со човечки ресурси на Министерството за здравство – Нури Љамалари, биле повикани сите директори на здравствените установи во државата, кој им диригирал нови систематизации. Како прилог на поканата, Раководителот испратил и образци за етничката застапеност во медицинскиот и немедицинскиот персонал во Јавните здравствени установи во државата.

Дали коалицискиот договор бил таков, па Министерот за здравство задолжително бара во огласите да биде назначена етничката припадност?

Особено внимание кај јавноста добија неколкуте скандали во Охридската болница по промената на директорот, почнувајќи од назначувањето на новиот директор на болницата во Охрид, Асен Шајн, за што Министерот се повикува на Член 107 од Законот за здравствена заштита. Администрацијата на болницата во Охрид несомнено е под влијание на претседателката на ОО СДМС Охрид – Кристина Крлеска Деспотоска, која е во непосредна комуникација со новиот ВД директор на болницата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР

13.05.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ