Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Левица ќе ги поддржи протестите на лозарите в недела

Другари, покрај сите средби во државниот врв, покрај сите координации на сопствениците на винарски визби и интервенциите од одредени политички субјекти кои најавуваа решавање на неблагодарната положба во која лозарите се заглавени со години, а всушност само сакале да си обезбедат откуп на својот производ, Левица повикува на поддршка на протестот кој го организираат лозаро – овоштарите од Тиквешкиот регион во недела, 15.05.2022 со блокада на регионалниот пат Кавадарци – Неготино.

Левица ги охрабрува лозарите и овоштарите од регионот во 11 часот да излезат на блокада на регионалниот пат како проблемите со кои се соочуваат би добиле на внимание!

И регионалните и централните власти се очигледно глуви на проблемите со кои се соочуваат лозарите! Два главни канали за наводнување немаат доток на вода, голем дел од винарските визби немаат исплатено средства за ланскиот откуп, а најава за годинашните цени сè уште нема!

Предлог – законот на Левица за навремена исплата на родот на земјоделците беше одбиен од страна на СДС и ДУИ, па единствено решение гледаме во солидарно обединување на производителите против тенденциозното уништување на лозарството во Македонија!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КАВАДAРЦИ

13.05.2022

Најнови објави