Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Ние попрво ќе лежиме во затвор, отколку да гласаме за бугаризација во Собрание

„Што се однесува до уставните измени, ние попрво би лежеле во затвор, отколку да кренеме рака за такво нешто. А алтернатива има – ова ќе се одбие и ќе дојде друго.

Во ЕУ одат на линија на помал отпор. А ние (нашата дипломатија) сме како кифли, како тесто, нѐ месат од 2001г. Не е само бугаризацијата, сѐ ќе ни накалемат.

Ние немаме знаење, искуство, ужасно корумпирани и на крајот сме неспособни – нашата дипломатија на чело со Бујар Османи.

Кога треба да разговараме за нешто заедничко, албанските партии се делат, а сега не дозволуваат ни огромното мнозинство на народ да се изјасни. Нема да гласаат само Македонци, ќе гласаат и Турци, Роми и Срби, сите се против. Над 70% од вкупното население е против овој договор, кај македонското население тој процент е над 90%.

Осумдесет до деведесет проценти од гласачите на СДСМ кои го поддржаа Преспанскиот договор се против овој „француски“ предлог и токму затоа Владата не дозволува да се случи референдум.“

*Извадок од вчерашното гостување на пратеникот на Левица, Борислав Крмов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

29.09.2022г.

Најнови објави