ЦК на Левица: НАТО-вската информативна хегемонија ќе биде разбиена, вистината не може да биде запрена

347425862_161783703504993_783779500665203464_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Вчера (14 мај 2023), во Скопје, се одржа XXI редовна сесија на Централниот комитет на Левица. Цврстата идеолошка рамка на борбата за национална и социјална слобода, врз кои е изградена Партијата, се главните идејни принципи кои во овој момент го обединуваат прогресивното јадро во Републиката.

На самата сесија беа промовирани новите партиски тела: Антифашистичкиот фронт на жени (АФЖ) и Академскиот сенат, кои во иднина ќе го прошират капацитетот на Партијата во акумулација на идеи и сили во борбата за независна, суверена, секуларна и унитарна Република Македонија и соодветно ќе одговорат на предизвиците на новото време.

Членовите на ЦК на Левица констатираа дека падот на оваа квислиншката Влада на претстојните парламентарни и претседателски избори е се поизвесен, а Левица е подготвена да го зададе последниот удар на идеолошки и кадровски избледената социјал-демократија и со тоа да го финализира веќе окончаниот процес на ПАСОКИЗАЦИЈА.

На сесијата беше усвоена Новата PR стратегија за надминување на медиумската блокада, која веќе подолго време систематски се спроведува врз Левица! Традиционалните мејнстрим медиуми блиски до власта, како и оние во заробеништво на „опозициската“ ДПМНЕ – прават се во насока да спречат Вистината да стигне до македонскиот народ.

Но, Левица, со креативни и неконвенционални методи, како и со помош на нашите членови и симпатизери, по секоја цена ќе ја разбие ваквата информативна хегемонија на буржоаските национални телевизии – ништо не е помоќно од идеите чие што време е дојдено!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

15.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ