(Видео) Апасиев: Џафери ќе добие претставка пред антидискриминаторска комисија за кршење на право на пратенички прашања

апасиев ружна ви е владата

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Процедурално обраќање на пратеникот од Левица – Димитар АПАСИЕВ на денешната собраниска седница

„Милион пати досега сме кажале дека редоследот за пратенички прашања е НЕПРАВИЧЕН и заради тоа, против Џафери и Собранието ќе поднесеме Претставка до Антидискриминаторска Комисија. Ова е класична ПОЛИТИЧКА дискриминација!

Ефективното право за поставување усни пратенички прашања од страна на пратениците на Левица во пола од мандатот е СКРАТЕН – поради тоа што секогаш нѐ ставате осми или деветти.

Џафери вика „ДПМНЕ има 22 пати повеќе пратеници од вас?!” Па, и Калифорнија има 66 пати повеќе население од Алјаска, ама и двете држави имаат по двајца сенатори. Тоа е ПАРИТЕТНА основа и Деловникот тоа Ви го кажува. И другата финта која ни ја правите, само четирите најголеми партии до 13 часот да постават прашање и да ве има во вести, тоа ли ви е вас?!

Нашето право на пратеничко прашање стигнува во 22 часот, а седницата завршува во 18 часот. И како е тоа правично?!”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

28.09.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ