- Процедурално обраќање на претседателот на Левица, Димитар Апасиев за поднесениот Предлог – закон за амнестија на осудените за 27 април.
Овој предлог е инициран од двајца адвокати – Јанаки Митровски и Драган Пешевски.
Членот 226 предвидува дека „граѓаните можат да ги следат седниците на Собранието и на работните тела од галериите, во согласност со прописите за внатрешниот ред на Сoбранието”.
Иако овие адвокати прописно побарале да бидат присутни денес во галеријата, вие сте им го ускратиле законското и деловничко право на граѓаните кои се иницијатори. Зошто на овие двајца адвокати им е оневозможено да бидат присутни како иницијатори, кога Деловникот тоа го дозволува?!
16.03.2023