(Видео) Апасиев: Со измените на Деловникот, во иднина сите закони ќе се шверцуваат со ЕУ знаменце

апасиев комисиска
  • Говор на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за измените во Деловниот за работа на Собранието:

„Пречистените текстови на законите се рак-рана за правниците, прашајте ги во пракса. Не се воведува една многу едноставна одредба, да мора закон кој е менуван над 2 или 3 пати да е со пречистен текст. Не е тоа филозофија! Имаме закони кои се менувани по 20 пати.

Следниот проблем кој не сакате да го решите е неодзивањето на поканите на јавни функционери. Во САД не може да се случи некој во Конгресот да не дојде ако е повикан. Немаме реперкусија за функционер кој ние го бираме, ако не ни дојде еднаш, два пати, три пати, пет пати. Имаме ситуации кога цела година, цел мандат не доаѓа Јавен обвинител! Со паушални образложенија дека не може, дека е во странство, ваму-таму. Една одредба е, не е тоа филозофија некоја! Ставаме став каде што неодзивање на покана од Собрание е основ за разрешување, па нека си ја чукаат главата потоа дали нема да дојдат или ќе дојдат.

Следното е дискрецијата, затоа реков султанат! Наместо да го деконцентрираме спикерот, ние уште толку му даваме ингеренции!

Зошто Претседател на држава да не може да побара да се свика Собрание? Зошто Владата да не може да побара да се свика Собрание? Зошто 20 пратеници пак, или ако не сакате 20, може повеќе, ама кога ќе побара дел од органот да се свика седница, тоа не е некоја филозофија, не е којзнае што!

Го легализирате шверцератот со ЕУ знаменце. За јавноста да биде појасно, што е суштината на шверцератот: досега, шверцератот се правеше преку Комисијата за Европски прашања. Ако нешто не може да помине, се става европско знаменце и оди таму. Во новиов Деловник, сите закони во следниот парламентарен состав ќе бидат како сегашниот со европско знаменце. Тогаш, чуму ви е опозиција? Ова е единствениот орган каде што ние како опозиција може да ја натераме власта да преговара. Не можеме во Влада, тука можеме! Америка која е најстара демократија, не се осмелила филибастерот да го укинува, сега вие ќе го укинете?

Три дена? Јал-не јал, битка со ветерници, зошто да земам збор јас првиот ден кога знам дека на третиот ден вие ќе си го поминете законот? Зборувам, можеби во иднина Левица нема да биде опозиција, меѓутоа, принципиелно зборуваме, за било кој тука да е опозиција. Ова е парализа на парламентаризмот којшто го предлагате. Затоа, Левица нема бланко поддршка на овој процес и затоа Левица ќе даде суштински амандмани за кои верувам ќе преговараме, дека нема да идеме на нож во овој процес, за да на крај во ноември или декември си го изгласате како најмал заеднички соддржател на овие сили кои се собрале, политички сили кои се собрале во овој парламентарен состав за да работат во следниот.”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

10.10.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ