(Видео) Апасиев: Левица еднаш ја блокира Северна во лични карти – Спасовски неуставно со Правилник ја воведе Северна и со ист Правилник Ташковки може да ја укине!

апасиев

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Говор на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев за укинувањето на важењето на личните документи во кои според Закон стои „Република Македонија”, не „Северна”:

„Почитуван претседателе, почитувани колеги пратеници, почитувана македонска јавност, 

Станува збор за еден изнуден закон којшто реалноста ни го изнуди, но за којшто сметам дека не го дава она што го сакамe како конечно решение, бидејќи ниту власта, ниту најголемата опозициска партија не изнедрија системско решение за овој проблем. Имено, продолжувањето на рокот од февруари до декември не го решава прашањето. Впрочем, слушајте ми го зборот, во декември ист ваков закон ќе треба да носиме повторно, затоа што нема да го решите проблемот.

 Решението на овој проблем е бришење на членот 5 од Законот за измена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно за возачките дозволи. Сакам да направам една споредба, чисто за јавноста да биде упатена за што всушност станува збор и дека ова се решливи прашања. Ова се наметнати прашања од квинслишката политика на Заев и Димитров, кој потпиша договор и го заобиколи Претседателот, иако по Устав претседателот требаше да го потпише. 

Потоа, Законот за прогласување на Преспанскиот договор не е потпишан од Претседателот. Тоа значи дека ние носиме некои измени на закони и подзаконски акти врз основа на непостоечки закони, врз основа на тоалетна хартија. Сега, за да ви дадам пример, морам да се послужам со правна терминологија и ќе го земам примерот со личните карти.

Значи, според актуелниот важечки Закон за лична карта, во членот пет се вели: 

„Образецот на личната карта содржи натпис Република Македонија (значи не Северна), назив лична карта, натпис МКД, место за фотографија, грб и машински читлив дел.” Кога сакаа во времето на Спасовски да го променат овој Закон и да воведат „Северна” и да воведат илегална двојазичност jас и пратеникот Борислав Крмов го блокиравме. Во тогашните преговори, кај спикерот поранешен Џафери, ни беше кажано дека ако не го блокираме, ќе мора да се прават правни претумбации, да ги цитирам. Ние кажавме дека нема да го одблокираме. Која беше правната претумбација?

Во Законот стои „Република Македонија”, не „Северна”. Но, министерот Спасовски во 2021 година, донесе Правилник со кој, спротивно на Член пет од важечкиот закон, воведе Северна во личните карти. Овој Правилник веднаш го оспоривме пред Уставен суд и. Кацарска до ден денес, ја држи нашата претставка во фиока. Иако баравме времена мерка, која е итна постапка пред Уставниот суд. Со нашата Иницијатива пред Уставен суд, ние го спориме Правилникот, затоа што со подзаконски акт не можете да додавате нешто што е законска материја. 

Тоа значи дека со министерски правилник не можете да дерогирате собраниски закон и да менувате образци на лична карта. И за ова Спасовски кога-тогаш кривично ќе одговара. Министерот Спасовски во 2021 година, бидејќи немал законски основ за да донесе Правилник со кој ќе внесе „Северна” во личните карти, се повикал на Член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта од 2007 година. 

Од Закон донесен во времето на Гордана Јанкуловска, кој важел три месеци и предвидувал овластување да министерот донесе правилник. Гордана Јанкуловска во 2007 година си го искористила тоа право, донела некој правилник и со тоа завршува примената на тој закон. Неможејќи да најде правна основа, Спасовски прави претумбации и си го земал овој член.

 И ајде сега да споредиме една ситуација. Се сеќавате дека сега му го поништивме оној фамозен правилник на министерот Кренар Лога, кој беше за националност во изводите. Ова го поништивме затоа што го пробил рокот од седум дена за објава на Правилникот,, што е уставен рок. Уставниот суд зазема правно мислење дека овој рок од седум дена не е ориентационен, туку е преклузивен. И Уставниот суд зазеде став дека сите Правилници што се објавени после седум дена не важат. 

Правилникот на министерот Спасовски е донесен 14 години после рокот, кој бил во 2007 година. Само заради ова, Уставниот суд на Кацарска е должен да го укине Правилникот. Но, немојте сега колеги од ДПМНЕ да се правите спасители. Имаше министер од СДС кој презеде на себе кривична одговорност за да прави правни претумбации. Ајде сега, вашиот технички министер Тошковски, нека донесе Правилник со кој ќе го поништи овој квази Правилник на Спасовски. Тоа е решението за личните карти, ниту закон ви треба. Јавно го повикувам новиот министер од ДПМНЕ да се одважи да донесе Правилник со кој ќе го поништи илегалниот Правилник на неговиот претходник и со тоа ќе ја реши сагата на 2 милиони луѓе.“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
12.02.2024

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ