- Пратеникот од Левица, Борислав КРМОВ, со пратеничко прашање до Заменик министерката за здравство, Манолева:
„Моето прашање се однесува на хаосот кој моментално се случува во таканаречениот Клинички центар во Штип. Како прво, градбата е заглавена веќе седум години и едно од објаснувањата е заради ковид-кризата. Другото објаснување е дека изградбата е заглавена во правни лавиринти.
Понатаму, имаме хроничен недостаток на медицински персонал и самиот директор се жалеше дека нема болничарки. А, имаме ситуација каде редовно партиски луѓе кои се примени во болницата, после само две години како болничарки со вонредно средно образование – се примаат како медицински сестри. За среќа, од септември ова нема да може.
Имаме ситуација каде вентилацијата во просторијата каде се врши компјутерска томографија е расипана веќе две години! Ние зборуваме за соба која е полна со радиоактивен воздух и не работи системот за филтрација и не е поправен две ипол години.
Понатаму, во популарно наречената бања „Кежовица”, која е под надлежност на Клиничкиот центар од Штип – НЕ РАБОТИ ЛИФТОТ веќе шест-седум месеци! Пациентите не можат да ја добијат терапијата, затоа што болничарите не можат да ги качуваат по скали. И за сето ова време, од наши непроверени информаци, директорот Ален Георгиев од СДСМ има купено три стана, три автомобили и гради викендичка во Берово.
Моето прашање е: зошто на вакна катастрофлана ситуација во Клиничкиот центар во Штип директорот Георгиев не е разрешен и дали планирате да преземете чекори за подобрување на условите во истиот?!“
27.10.2023