(Видео) Апасиев кон Љупчо Пренџов: Вие како пинг-понг партија си коалицирате и со едните и со другите

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Почитуван колега Пренџов, доаѓате од една непостоечка партија ГРОМ, која што зема пет милиони денари народни пари, а не настапува сама на избори и имате лице да ни зборувате нас, кој фајтерски одиме сами на секои избори и освојуваме рејтинг кој што е повисок сега и од зелените (овие кои се ребрендираа)

Почитуван колега Пренџов, има една арапска поговорка, вели дека добриот коњ има има илјада маани, а лошиот само една – дека не го бива. Така и на Левица, можете да ѝ најдете илјада маани, а за разлика од ГРОМ, Левица ја бива.

Е сега ќе одиме дел по дел на она што сакам да ви го реплицирам вас. Се покажавте како типичен апологет на олигархијата и затоа сте на исто рамниште со колешката – претседателка на Закнодавно правната комисија, бидејќи и едновремено бевте и коалиција ако не се лажам, бидејќи вие како пинг-понг партија си коалицирате, де еднаш со едните, де еднаш со другите.

Прво рековте дека било касно и го прочитавте само текстот на датумот. Бидејќи јас предавам реторика и аргументација, треба да разликуваме текст од контекст, бидејќи не е исто ако речете „едно влакно на главата” тоа е фрустрирачки малку, ама „едно влакно во супата” е контаминирачки многу. Така што, право ќе беше да кажевте дека ова е вториот закон, т.е. истиот текст, но сега во редовна процедура, а првиот кој беше во скратена постапка беше тригерот кој го натера Филипче да го поднесе оној закон, кој што пред неколку дена помина, како што вие го нарековте системски, тоа е Законот за здравствена заштита.

Значи Левица беше тригерот кој што му покажа на Филипче дека има уставна основа да ги ограничи цените на приватните болници и Левица беше еден ден порано од нивниот закон, но поради фаворизацијата која што ја прави спикерот, нивниот закон дојде пред нашиот. Законот беше поднесен токму во пикот, тоа беше почетокот на април кога бројките беа илјадници на ден и кога овие налудничави наши властодршци сакаа да спроведуваа попис, ако не се сеќавате.

Второ, рековте дека сме ја замајувале јавноста и дека сме воведувале 76.375 денари. И тука ќе ви го цитирам Енгелс од кој што вие така се ежите, бидејќи сте Липтард по идеологија, а ние сме Марксисти и Левичари.  Енгелс на ова вашево би рекол: „Каква детинеста наивност. Вашето незнаење да ни го претставувате како теориски аргумент”. Впрочем, ако не сте знаеле, не го знаеше ни колегата Коциќ, иако е доктор, овие тарифи кои се наведени во законот се буквално од тарифата која што во моментов важи за јавното здравство, а која ја утврдува Фондот за здравствено осигурување.

 

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ