Процедурално обраќање на пратеникот Димитар Апасиев, во однос на одземањето на можноста за поставување на пратенички прашања на опозицијата од страна на владеачката партија, притоа правејќи си свој пи-ар со узурпирање на собраниската говорница. Меѓудругото, Апасиев испраќа порака и до јавниот обвинител да се појави на седница за поставување на пратенички прашања, бидејќи веќе трета седница по ред, тој иако повикан, не се појавува. Токму поради неговото отсуство на Левица и се оневозможува правото да добие одговор на прашања поврзани со крупни афери, корупциски скандали, еколошки скандали и слично.