(Видео) Крмов: Владата го крши законот и го нема раскинато договорот за рудникот кај Пробиштип

Борислав Крмов Левица Попис

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Пратеникот од Левица, Борислав КРМОВ, со пратеничко прашање до министерот за економија – Крешник Бектеши:

„Моето прашање е за намерата да се отвори рудник од отворен тип за бакар, злато и сребро во близина на Кратово и Пробиштип, од страна на австриски инвеститор. Целиот проект за рудник е спротивен на Законот за животна средина, затоа што според овој закон, Г1 – тешка индустрија (во која спаѓаат и рудници) не смее да се гради на растојание помало од 5 километри на населено место.

Ние во тој регион имаме пет живи села и два града – сите на радиус помал од 5 километри! Што ќе се случи ако овој рудник се отвори? Загрозени се 100 хектари пасишта, 20 хектари плодно земјиште ќе бидат уништени и околу 300 хектари шума ќе бидат уништени!

Дозвола за експлоатација до 2-ри декември 2022 година не е добиена. Дополнително, после измените на Законот за животна средина, нема никаков основ овој рудник да се отвори и доколку министерството издаде Дозвола за експлоатација, ќе следи КРИВИЧНА пријава од Левица и организирање на блокади.

Моето прашање е: – Зошто не е раскината концесијата за експлоатација за овој рудник, која е спротивна на Законот за животна средина?!”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

03.11.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ