(Видео) Исмаил: ЈСП да раскрсти со приватниот интерес и со агенциите за привремени вработувања

хактан

  • Говор на Реџеп Исмаил – Хактан од Левица во Советот на Град Скопје:

,,Проблем е кога тимот за односи со јавност на ЈСП заедно со раководството пробува да прикаже идеална слика за состојбата во ЈСП, додека ние сега се наоѓаме на седница од итна важност за доделување на нови субвенции за претпријатието кои ќе му овозможат да функционира во наредните неколку месеци. Тоа значи дека претпријатието го приклучуваме на апарати.

Раководството на ЈСП треба да биде далеку потранспарентно пред граѓаните и Советот, бидјеќи го воочуваме расчекорот во работите.

Возниот ред е искасапен. На информативните табли на мобилните телефони се забележани едни информации за возниот ред, додека на терен не е така. Ова не само што создава фрустрација, туку и ги попречува секојдневните обврски на граѓаните. Јасно е дека оваа мизерна состојба одамна ја имаат предизвикано двете владејачки буржоаски партии СДС и ДПМНЕ – воглавно преку нивниот порив не само за приватизација, туку и за одлевање на јавните пари на контото на приватниот интерес.

Затоа, ако се задлабочиме во годишните извештаи на претпријатието ќе ги воочиме нерационалните трошоци за кои се потребни радикални политики за рационализација на финансиите. Треба да се намалат и конечно елеминираат трошоците по ставки кои се оденсуваат на приватни услуги. За разлика од лагите на партиите од буржоазијата дека приватните услуги се подобри од јавните, во Скопје е јасно дека приватните превозници нудат далеку полоши услуги во ужасни услови, и затоа владее и безредие.

Потебно е и да раскрстите со агенциите за привремени вработувања, бидјеќи во таква состојба на работниците им се угнетуваат работничките права додека приватните агенции инкасираат преку овој процес.”

15.11.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ