„Економската политика ќе биде социјализам по примерот на Кина, но со македонски карактеристики. Тоа значи дека во секоја гранка на индустријата треба да има по еден државен субјект.
Во надворешната политика се игра со секој, нема ‘не идам во Пекинг’ – за доброто на Македонија ќе одиш и во Вашингтон, и во Пекинг, и во Петербург, и во Јужноафриканска република. Соработуваме со сите, па и со Америка. Кога се раѓа нова империја треба да се игра со неа.
Внатрешната политика: првите четири години ќе апсиме, треба да се уапсат овие хохштаплериве домашни.
Преспанскиот договор се поништува во еден ден, само ти треба власт, еден допис ти треба, Турција си смени име со допис. Во Устав ти стои дека меѓународен договор потпишува претседател, овде потпиша министер, се укинува тоа.
Бугарскиот договор уште полесно се раскинува, не ни треба Собрание, тој е владин договор, Влада ти треба. Тоа е ужасен договор, тоа е ретуширање на историјата.“
- Интервјуто на Димитар Апасиев, претседател на Левица, за Инфомакс во емисијата „Тешки муабети“ од 19.10.2023, погледнете го на нашиот Јутјуб канал: