(Видео) Мециновиќ: Бугарија се поткусурува со Македонија за внатрешни апетити

Амар Канал 5

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

„Мораме да одговориме на прашањето кој преговара моментално. Преговара владата на СДСМ, преговара бугарскиот државен врв и тука, како трет елемент, Европската унија која поминува низ многу специфична етапа.

Европа поминува низ период, каде што пробува да се консолидира како геополитички локус, како центар на моќ. На Самитот на Европскиот совет се постави рамката за стратешкиот компас, односно за формирање на безбедносни сили на Европа, а дополнително се разговараше за тргање на правото на вето, кое ги става националните над федералните интереси.

Правото на вето е следната кочница Европа да има хомогенизирана надворешна политика и националните држави тоа право на вето го парадираат и го користат многу пати за да го стимулираат политичкиот дискурс внатре, а Бугарија тоа го прави.

Бугарија се поткусурува со Македонија за внатрешни апетити“.

  • Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, во емисијата „Само Вистина“.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

15.05.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ