(Видео) Мојсоска: Левица со писмо до Европа во кое бара изјаснување против фашистичките клубови

*Јована Мојсоска – генерален секретар и член на Президиумот на Левица

„Левица ќе испрати официјално писмо до Советот на Европа, Европската комисија и Борел како Висок претставник за безбедносни прашања, во кое ќе побара и Европскиот парламент да се изрази за глорификацијата на фашизмот и нацизмот преку овие контроверзни клубови, чии извор на финансии е од странска држава-членка на ЕУ.

Во Европа, во многу форми, се усвоени резолуции против славењето на фашистичката историја и ксенофобијата, за сега евроамбасадорот Дејвид Гир, без осуда, да ги коментира како “билатерално прашање” и да не се создаваат поделби туку да се почитуваат правата на заедниците.

Молкот можеби ќе беше подобар – но, сега очекуваме целосен одговор од Европа.“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

27.10.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ