Кираџиева: Колонизираниот народ секогаш гравитира околу колонизаторот

кираџиева весна

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Пишува: Весна КИРАЏИЕВА, член на ЦК на Политичката партија Левица

Неколку броја наназад, токму во неделникот „Фокус“ своја колумна насловена како „Work and travel во Болорусија“ имаше еден од потпретседателите од владејачката СДСМ, Стефан Богоев.

Во колумната, Богоев се прашуваше, зошто Македонците одат на „ворк енд травел“ во САД и ЕУ? Зошто сакаат да студираат на Оксфорд или Харвард?

Зошто сакаат на прошетка во Барселона, Милано или Виена, на одмор во Грција, Црна Гора или Албанија, наместо сето тоа да го прават и посакуваат во Русија и Белорусија?

За жал тој и не е единствен со ваквиот обид за поента. Многумина се прашуваат истото. Зошто Европа и САД, наместо некоја африканска или азиска земја (или Русија) ги бираме ние Македонците за „бегање“ од државава?

Одговорот ќе го скратам, иако геополитичката ситуација е поопширна од црно или бело: пропаганда.

Кај нас, како и во најголем дел од светот, пропагандата на англиско говорно подрачје, а потоа и германско, италијанско и француско, почнува уште во минатиот век.

Како алтернативен јазик се учи англиски и на тоа се надоврзува цела една низа на културошка пропаганда, преку холивудски филмови, музика, образование, што на мојата генерација т.н. милениумци, веќе ни е многу природно, познато, прифаливо и блиско (ноубрејнер).

кираџиева

ПРОПАГАНДА

Не учиме кинески, речиси никаде и да не се учи рускиот јазик, а за африканските земји има таква пропаганда, што мислам дека нашиот народ сѐ уште ги замислуваат африкаците како оние од сликите на помали населенија кои шетаат голи и живеат племенски. Пропаганда.

Тоа го гледаме низ нашиот простор преку холивудските филмови, медиуми, вести, новински агенции, а преку образованието уште од прво одделение сме запознаени со англискиот или учиме латиница.

Замислете да беше пропагандата обратна, да се учеше кинески на пример, тоа ќе ни беше природно – јазикот е огроман предност или бариера во изборот на тоа каде се движите по светот и чии медиуми и книги читаме за информирање – дали ќе се чуствувате како странец или брзо ќе се претопите во средината каде циркулирате.

Особена предност во оваат народите од белата раса, меѓу кои припаѓаме и ние како балкански народи.

Сликата што ни се сервира од Западот за нивните земји, секогаш е полна со гламур, богатство, додека сликите кои ни се сервираат за истокот и југот, се беда и сиромаштија.

И двете ги има на сите страни, ама пропагандата доаѓа од Западот. Нема промоција на туристички дестинации подалеку од нашето опкружување, прво затоа што сме сиромашен народ, толку ни е чергата.

Но во последно време има понуди пример за Занзибар, или Сејшели и тие се луксуз, но гледате како функционира пропагандата – како се сервира од медиумите, така се сфаќа. Африка е сервирана како „гнасна и сиромашна“, ама чекајте, имало и рај на земјата. Маркетинг и бизнис-машинерија. Ако ви сервираат африканска земја како луксуз, ќе го платите.

ГО ДЕЛИТЕ НАРОДОТ

Светот се поларизира, па оттука дојдено е време кога и ние како Македонија се наоѓаме на крстопат. Граѓаните се поделени на условно кажано „проруски“ и „прозападни“, напишал авторот од СДС.

А кој тоа се дели на „проруски“ и „прозападни“? Па вие самите го делите така народот, сето тоа како дел од злобната пропаганда да плашите народ.

Пропагандата со ваква реторика на поделби само на вас, квислиншките власти ви одговара со цел да ширите страв, омраза и вештачка поделба на народот на „ваши“ и „наши“, и сето тоа единствено за да се задржите што подолго на власт и да го крадете и осиромашувате народот.

Во остатокот од статијата, Богоев, непотребно нѐ убедува како ЕУ е добра опција, иако ниту една од политичките партии, заедно со 80 отсто од народот, НЕ се против ЕУ, туку против условите со кои Македонија е уценувана и силувана одново и одново.

Наместо да излезат од реакционерната мисла стара 30 и кусур години и да размислуваат прогресивно, тие сѐ уште го гледаат светот еднонасочно.

Наместо како поле за соработка со сите страни, тие избираат изолација, санкции и еднострана затвореност, под команда на „газдите“ на кои властите од Македонија им слугуваат со децении.

МНОГУ КРАДЕТЕ, БЕ ДРУГАР

Оттука, Левица секогаш истакнува дека домашното уредување мора да биде согласно домашните, македонски потреби, а идеи може да „купуваме“ од сите страни, сето она што е добро и применливо за наши услови, а не слепа послушност кон неоколонијалците на сопствена штета.

На крајот во својата колумна Богоев уште и прашува: Зошто и нашиот БДП да не расте забрзано од година во година?

Па многу крадете бе другар! Прашај си ги твоите сопартијци, како тоа на власт сте седум години, а БДП-то е со најнизок раст; инфлацијата ги јаде платите; јавниот долг го турна и плафонот.

Прогнозите во извештајот на Светска Банка се дека јавниот долг ќе расте и ќе достигне 62,2 проценти од БДП, а Македонија ќе има најголем дефицит од државите во регинот.

Се надевам сето ова му дава одговор на прашањата. Доколку не, Богоев, како социјалдемократ, би требало да биде свесен дека народот на земјите од периферијата на капиталистичкиот центар немаат друг избор, освен да тежниеат кон тој центар, чие богатство и раскош извира токму од експлоатацијата на работната снага, природните ресураси и капацитети на земјите нивни колонии како што Македонија во овој момент од историјата е за Западот.

__________________________________

(*Статијата е во целост преземена од неделникот „Фокус“)

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ