Левица во Новаци – црвен бран низ Македонија

422882845_353902400752982_3854824622921800050_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денеска, Локалниот огранок на Левица во Новаци свечено ја отвори својата канцеларија, како поради постојаниот прилив на нови членови така и за непосреден контакт и артикулација на проблемите на населението.

На настанот присуствуваа претседателот на Партијата, проф. д-р Димитар Апасиев, членот на Президиумот Бранко Рисов, членови на Централниот Комитет, како и гости од други места заедно со нашите другари и другарки од Новаци.

Покрај свеченостите, претседателот Апасиев се осврна на престојните предизвици во изборната сезона и непосредниот влез на двоцифрен број пратеници од Левица во Собранието, и што тој зголемен капацитет ќе значи за одбраната на националните и класните интереси на македонскиот народ, додека Бранко Ристов зборуваше за мобилизацијата која е неопходна во Изборната едница 4.

422903089 353902410752981 8293478884285385729 n

Модераторот на ЛО Новаци Гоце Димовски го нагласи порастот во членството за чии потреби се отвори нова канцеларија, како и за спремноста на огранокот за парламентарните и претседателските избори.

30.01.2024

ЛЕВИЦА – НОВАЦИ

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ