120 години Илинден 79 години АСНОМ – револуционерна историја на македонскиот народ

365263432_597012662619650_2000803455147958147_n

Идеалите и целите на борбата за слобода и независност на македонскиот народ, оформени при Илинденското востание од 2-ри август 1903 година, а преточени во Крушевскиот манифест објавен од востаничката власт во Крушево токму за време на востанието, станаа реалност и темел на македонската државност со славната победа на македонскиот народ во антифашистичката борба, кога и симболично, на Илинден, односно 2-ри август 1944 година, се одржува Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

Како резултат на историската борба на македонскиот народ, АСНОМ, како темел на македонската државност до ден денес, е круна на револуционерната борба за слобода на народот, што и токму на Првото заседание на АСНОМ се носи Решение со кое Илинден – 2 август се прогласува за народен и државен празник на македонската држава.

По повод јубилејот 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2-ри август 1944 година, денес, делегацијата на Левица, предводена од членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил-Хактан, советникот во Општина Куманово од редовите на Левица, Никола Лазаревски, и модераторката на ЛО Куманово на Левица, Софија Милошевска, положија цвеќе во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Искуството од векованата борба на македонскиот народ покажува дека единствениот пат кон слобода и независност е преку борба во сојузот со сите угнетени народи на Балканот и ширум светот против канџите на империјализмот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

02.08.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ