Левичарски институт „Рацин“ ја одржа Втората левичарска школа

383082043_329774266246988_2936967586450399236_n

Во првиот ден од Втората левичарска школа која се одржа викендов (22 – 24 септември 2023г.) во Кратово, главна тема на првото предавање беше историјата на агит-проп, дигитален маркетинг и стратегии на политички маркетинг. Главен говорник на дискусијата беше генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска.

Во текот на вториот ден на идеолошко-образовната школа во организација на Центарот за политичка едукација на Левичарски институт „Рацин“, се одржаа уште неколку предавања.

Прво излагање во вториот ден имаше Срѓан Ивановиќ на темата уметноста на јавниот настап, потоа Тамара Јованов Апасиева со предавање и дискусија на темата креативна трансформација – лекции од Кина и Игор Радев: Џјанг Чинг и тезата за конфуцијански уставен поредок.

Вториот работен ден беше заокружен со проекција на филмот „Неврзаните: сцени од фондот на Лабудовиќ“, во режија на Мила Тулериќ со завршна дискусија презентиран во Дом на култура “Лазар Софијанов” – Кратово.

Последното предавање во рамките на Втората левичарска школа на Левичарскиот институт – Рацин го презентираше Влатко Токарев кој говореше за социјалистичките елементи во Уставот на Република Македонија и како може да се подобри.

Учесниците, заедно со претседателот на Левица, Димитар Апасиев, имаа прилика да ги посетат знаменитостите на Кратово и богатата македонска историја која ја нуди ова потценото гратче во североисточна Македонија.