Македонија се буди: Левица во Струмица

411163668_932385911577807_679544982550241009_n

Чекор по чекор, пресметката на Левица и сите фракции на петоколонашката СДС се води како во институциите, така и помеѓу народот. Во последното упориште на ЗАЕВИЗМОТ, претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев испрати силни пораки за неопходноста за беспоштедна спремност и ведрина на духот која несопирливиот раст на Партијата ќе го преточи во беспоштеден удар по моќтта на СДС на овие избори.

Денеска, на 14-ти декември Локалниот огранок на Левица во Струмица и модераторот Даниел Малиновски свечено ја отвори канцеларијата заедно со претседателот на Партијата, пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиумот Бранко Ристов, како останатите членови и гости.

Во другарска и борбена атмосфера, во клучен момент за Републиката непосредно пред изборната сезона, отворањето на канцеларијата ја означи одлучната мобилизација на југоистокот на Македонија – за конечна политичка факторизација на вољата на обичните луѓе наспроти предавничките политички структури кои ги контролираат странски финанскиски и великодржавни интереси.

14.12.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ