Тука го затворивме фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов“ и од тука порачуваме: Не за Бугари во Устав под било кои услови!

439477538_1006063150876749_6236586731179742467_n

На 20ти април во Битола, се одржа народниот собир каде Левица, заедно со кандидатот за претседател – проф. Билјана Ванковска, пред битолчани ја презентираа Програмата за престојните претседателски и парламентарни избори. На настанот се обратија кандидатот Билјана Ванковска, носителот на листа во ИЕ 5 – Јована Мојсоска и претседателот на Левица – проф. Димитар Апасиев.

437737553 1006062070876857 1566091622614794986 n

„Моите противкандидати велат ќе ја направеле европска Македонија. Велат ќе го славеле 9 мај – Денот на Европа. Тоа е измислена работа. 9 Мај е Ден на победа над фашизмот. А, Битола градот на Стив Наумов, не трпи фашизам. Денес ние се соочуваме и со неофашизам. И уште утре, на соочување, ќе треба да се објаснува дали сум про- ЕУ или анти-ЕУ. Не, јас сум про-Македонија. Јас сум ПРОМАКЕДОНСКА сила” – истакна во својот говор проф. Ванковска.

439273577 1006063480876716 5372292964468877444 n

Носителот на листа Јована Мојсоска на настанот истакна дека Левица е ПРОТИВ внесувањето на Бугарите во Уставот под било кои услови, за разлика од ДПМНЕ кое е подготвено да преговара за промена на Уставот. Мојсоска истакна дека Левица е за прекин на преговорите со Бугарија и укинување на историската Комисија, затоа што нема преговори и уцени од оние кои сме ги победиле како дел од фашистичкото зло.

439336587 1006063417543389 831985899535106406 n

„Нас не ни требаат никакви гаранции од ЕУ дека ова ќе е последно барање на патот кон Брисел, затоа што со внесувањето на Бугарите во Уставот ќе се забоди последниот клинец во ковчегот на македонската држава. Јасно е дека отворениот анти-македонизам на Софија е поддржан директно од Европската унија, која очигледно уште не може да им прости на малите балкански народи дека биле на антифашистичката страна на историјата. Токму пред неколкку месеци, Европската комисија за дискриминација изрече загриженост за бришењето на фашистичкото дувло во Битола Ванчо Михајлов. И тоа е се што треба да знаете за таканаречените европски вредности!” – истакна Мојсоска.

437477099 1006062394210158 9012129487458607650 n

Претседателот Димитар Апасиев при своето обраќање покрај другото уште еднаш ги повтори петте постулати на Македонската платформа која ја нуди Левица на овие избори.

„Македонската платформа за унитарна Македонија има пет точки, опфатена е унитарноста на државата, нема преговори за дводомен парламент, не преговараме за конститутивните елементи на нацијата, ќе ја вратиме територијалната поделба и ќе ги вратиме инсигниите на државата, знамето и грбот да бидат на цела територија на државата.“

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ