(Видео) Крмов: Шверцерите СДС и ДУИ го сведоа Собранието на Комисија за европски прашања

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Прес-конференција на пратеникот од Левица Борислав Крмов за законите за Бехтел и Енка со европско знаменце.

Поднесовме вкупно 6. 664 амандмани со кои треба целосно да се блокираат законите за Бехтел и Енка. Тоа е нашата деловничка можност, а нивната е, иако не би требало да биде толку слободна, да ги пуштат со европско знаменце.

Не може закон ако веќе е пуштен на нормален начин во негова матична комисија одеднаш сега да има потреба за европско знаменце. Од друга страна ја имате изјавата на вицепремиерот Маричиќ кој призна дека прават кривично дело. Кажа дека немаат никаков правен основ, туку само политички.

На овој начин веќе имаме само една комисија во Собранието, а тоа е комисијата за европски прашања која се користи за шверцување на закони за да може да се протне било што.

Ние ќе присуствуваме на тие седници но за жал не можеме повеќе од тоа да направиме. Можеме да поднесеме кривични пријави, а некоја друга власт да ги процесира. Мислам дека и СДСМ и ДУИ, а посебно ДУИ се однесуваат како за нив да нема правен систем, туку дека се може да се толкува политички.

Се однесуваат како да не се тие на власт во оваа држава, како да се намесници за странците. Во смисла дека тука се работи за американски инвеститор, тие ќе одат во американската амбасада ќе се измолат таму, утре ќе се смени власта ама нема да одговараат.

Остатокот од опозицијата имаат многу малку амандмани, тие ги нарекуваат конструктивни амандмани и неколку пати на говорница кажаа дека нема да блокираат. Ова е чиста фарса. И го поставуваме прашањето зошто некоја идна влада не би ги ставила сите закони преку комисијата за европски прашања со празни табели потпишани од било кого или непотпишани. Ова е тотално урнисување на правниот систем, не важат скоро никакви правила ни во собранието ни во државата.

Прекршен е и деловникот, се однесуваме со Собранието како да е пазар!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

09.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ