Апасиев ја откри бистата во чест на убиениот младинец од Ваташа

354037026_836235987859467_3448009456572154675_n

Денес, со гордост и почит, претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев, ја откри бистата на Ристо Ѓондев, младинецот од Ваташа, кој пред 80 години беше сурово застрелан од бугарскиот фашистички окупатор.

Во Одборот за реализација на проектот за поставување на дванаесет бисти и изведба на спомен соба во месноста Моклиште учествуваше и членот на Советот на Општина Кавадарци од редовите на Левица, Круме Богевски.

Покрај откривањето на бистата, претседателот Димитар Апасиев искажа почит и ја посети и новата спомен-соба, каде ќе се чуваат лични предмети, фотографии, мемоари и писма, како сведоци на животот и споменот на прерано загинатите деца од Ваташа, кои бугарскиот фашист ги осуди на смрт затоа што помагале на партизаните кои се бореа за слободата на македонскиот народ.

Проф. Димитар Апасиев, заедно со членот на Президиумот – Бранко Ристов и советниците на Левица во Општина Гевгелија – Сашко Јанчев и во Општина Кавадарци – Круме Богевски, придружувани од нашите членови од Л.О. Кавадарци, Л.О. Неготино и Црвена Младина, положија свежо цвеќе на паметникот на 12 младинци, кои на денешен ден во 1943 година беа сурово стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.

Во денешно време, кога се соочуваме со бројни предизвици, да ја потсетиме јавноста за значењето на паметта на загинатите младинци и нашата историја. Може многу да научиме од нивните жртви и храброст, а нивната борба не смее да биде заборавена. Само со секојдневна почит и сочувување на нивните идеали можеме да го зачуваме интегритетот на македонскиот народ, идентитет, историја и нација.

Да го чуваме споменот на загинати младинци од Ваташа, да го чуваме нивниот аманет и да се потрудиме никогаш да не се повтори!

Смрт за фашизмот! Слобода на народот!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

16.06.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ