Апликацијата за пописот која беше донација од бугарска фирма била незаконски набавена

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Сите недостатоци на кои Левица единствена алармираше за време на незаконскиот попис, вчера беа потврдени и од Државниот завод за ревизија, кој констатира низа слабости, пропусти и неправилности. За скандалозноста на спроведениот попис, потврдува забелешката на ДРЗ дека софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор, за кој не знаеле во Министерството за правда.

Потсетуваме дека апликацијата за попишување на дијаспората беше донација од бугарска фирма! Кои се интересите на бугарска фирма да донира апликација за попис во друга држава, особено кога официјалната влада на Софија интензивно врши асимилација на македонското население?!

Односно, ДЗР утврди бројни неправилности поврзани со софтверската апликација за самопопишување на лицата-државјани кои се на привремена работа или престој во странство и тоа:

– софтверската апликација е набавена без надоместок, за што Државниот завод за статистика се обврзал да го истакне името на давателот во апликацијата, со што врши негова промоција, односно станува збор за спонзорство, за кое не е побарано од Министерството за правда решение, со кое ќе се потврди јавниот интерес на ова спонзорство;

– фирмата изработувач на апликацијата е управувана од лице кое во периодот од 25.05.2019 до 23.09.2020 година бил член на Советот за статистика, како и

– апликацијата за самопопишување не е евидентирана во деловните книги на Државниот завод за статистика.

355474446 839270387556027 233739183251669277 n

Потсетуваме дека ДПМНЕ не само што беше активен учесник во незаконскиот попис за отпис на Македонците, туку и на лидерската средба Мицкоски прифати продолжување на предвидените 20 дена за попис! Иако Мицкоски собра 100.000 потписи против пописот и ги изманипулира граѓаните, тој ретерираше од својот став и прифати спроведување на косоварски попис, без ниту една аномалија да биде отстранета.

Левица е единствена партија која поднесе кривична пријава против директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, и ја известуваме јавноста дека кривична одговорност за овој поданик на власта ќе биде врвен услов за било која идна Влада, во која би учествувала Левица.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

22.06.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ