Децата со попреченост и понатаму без образовни асистенти

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Обезбедувањето образовна асистенција во средните училишта остана заглавена во новиот Закон за средно образование, кој со години е во собраниска процедура и кој очигледно не претставува приоритет за Владата наспроти законите кои експресно со европски знаменца се носат во Собранието.

Република Македонија како потписник на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е обврзана да создаде услови за промовирање, заштитување и обезбедување целосно уживање на човековите права од страна на лицата со попреченост.

Едно од загарантираните права е правото на квалитетно образование, преку кое децата успешно ќе ги развиваат своите потенцијали во насока кон сеопфатна интеграција.

356647766 842350550581344 6452896081728573029 n

Предуслов за инклузивното образование, како процес кој би требало да излезе во пресрет и да одговори на различните потреби на децата е обезбедување на образовна асистенција на учениците со посебни потреби во основното и средното образование.

Во пресрет на новата учебна година, Левица во контекст на целосна поддршка кон лицата со посебни потреби, бара од Владата итно изнаоѓање на решение кое што ќе обезбеди образовни асистенти на сите ученици во средното образование и на тој начин ќе се овозможи квалитетна сеопфатна инклузија на децата со посебни потреби.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

28.06.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ