ДПМНЕ спремни за влада со ДУИ: За бугаризација и косоваризација на Македонија

левица црвено

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Широката коалиција на ДПМНЕ-ДУИ-СДС се разобличи со заедничкото гласање за недемократскиот Деловник, со кој се укина блокирањето на закони – механизам кој постои во најстарите парламентатни демократии! Иако токму лицемерите од ДПМНЕ заговараа АКТИВНА БЛОКАДА (која никогаш не се случи) – сега побараа да се УКИНЕ филибастерингот, а СДС и ДУИ ревносно им испорачаа.

Направија и кворум за новиот Кривичен законик, со кои се амнестираа 80 функционери на ДПМНЕ, а во Собранието заедно со СДС и ДУИ го изгласаа Законот за корумпирање на медиумите. Вака се наговестува коалицијата ДПМНЕ-ДУИ. Коалиција која веќе беспрекорно функционира во неколку општини, како во Велес и Охрид – додека нивните градоначалници го закитија со тендери од над 615 илјади евра „Пуцко петрол”, во сопственост на пратеникот од ДУИ.

Јасно е дека сегашната партија ДПМНЕ е проект за внатрешно поткопување на македонските позиции од страна на бугарските служби. Раководството на оваа партија е инсталирано и обучено да работи на исполнување на Софиската платформа за бугаризација на Република Македонија. Во јадрото на идеологијата на овие луѓе е врежано бугарофилството и тежнеењето да се затвори ‘македонското прашање’, во склоп на великодржавниот проект на живковистичките позиции.

404387662 920662362750162 2057897916363705274 n

Лидерот на оваа бугарашка и антимакедонска партија Христијан Мицкоски, во јуни на т.н. ,,лидерска средба” пред цела македонска јавност се зарече дека ќе ги внесе Бугарите во Уставот по секоја цена. Лидерот на оваа врховистичка и македономразачка партија Христијан Мицкоски на Македонците во лице им соопшти дека неговото раководство влече континуитет од најголемиот крвник на македонската нација Ванчо Михајлов.

Од бојкотот на територијалната поделба, преку амнестијата на грозоморните Хашки случаи, до испораката на осум пратеници за промена на уставното име, после наредните избори, Мицкоски и квинслишкото ДПМНЕ ќе ја испорача и бугаризацијата на Уставот, со која ќе се финализира процесот на редефинирање на македонската држава и нејзина федерализација!

22.11.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ