И културата во очајна состојба според Извештајот на Европската комисија

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Извештајот на Европската комисија за изминатата година ја потврди оценката која граѓаните веќе ја чувствуваат, а тоа е дека Македонија нема напреднато милиметар во европскиот пат, во ниту една од областите, вклучително образованието и културата, иако постојано се повторува дека само што не сме станале членка на ЕУ.

Една од забелешките кои се однесуваат на оваа област се намалените средства за култура. Постојаното намалување на буџетските средства за култура во текот на последните три години претставува сериозен хендикеп за културата. И оние средства кои ги има за културните чинители, Министерството за култура ги доделува на организации и поединци кои се блиски до власта.

401003057 914438826705849 7227462453388082752 n

Друга забелешка во Извештајот е дека се потребни дополнителни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за заштита на културното наследство и спречување на дивоградби, што ја вклучува заштитата на местата на културно наследство од „особена важност“, како што се Охридското езеро и Старата скопска чаршија. Културното наследство не е доволно заштитено и најдобар пример за тоа е дивеењето на урбанистичката мафија во Старата чаршија, а Охрид беше на работ да го изгуби статусот на природно и културно наследство и привремено ја избегна опасноста да биде ставено на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО.

Листите со препораки стануваат сѐ подолги, и иако повеќето ја носат назнаката „ИТНО“, не се реализираат, а дел дури и се повторуваат од еден во друг извештај. Да се потсетиме дека од општина Струга сè уште немаат изработено ни регистар на дивоградби. Неофицијалниот број е над илјада дивоизградени објекти, а продолжува и претераната урбанизација и узурпација на брегот на езерото. Теренските работи за да се заштити статусот на Охридскиот регион како светско природно и културно наследство тешко се исполнуваат, а видлив и реален напредок нема.

Поради неусогласената работа на Општините и на Владата, пропусти во законските регулативи, поделените ингеренции и хаотичната состојба во Општините и во Владата, денес се соочуваме со пропаст на културното наследство.

Дел од проблемите нотирани во извештајот се апсолутно истите оние кои беа нотирани и пред повеќе од десет години. Според ова, интеграцијата во ЕУ останува само празна флоскула, додека СДС и ДУИ заеднички и бездушно го крчмат државниот буџет, предвиден за културата, за исполнување на сопствените политички агенди.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

10.11.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ