Еколошката акција организирана од Левица – Илинден резултираше во почист брег на Бучинското езеро.
Во акцијата учество зеде потесното координативно тело на Левица – Илинден и истата беше срдечно поздравена од присутните граѓани во околината на езерото.
Левица Илинден, како и граѓаните потенцираат дека локалните власти треба да се заложат многу повеќе со цел ова езеро да биде право излетничко место.
Очигледно е дека локалните власти до сега немаат ништо вложено во овој Илинденски бисер, односно очигледно е дека треба да се вложи во изградба на неколку летниковци, клупи за седење, безбеден паркинг и пристап до езерото (асфалтиран), собирање и отстранување на сметот (со поставување на корпи за смет и контејнер), и отстранување на вегетацијата што пораснала на самиот брег.
Истовремено, апелираме до ЈКП Илинден да не заборават да го соберат отпадот што активистите на Левица Илинден го собраа и складираа до самиот главен пат, така олеснувајќи ја нивната работа!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – Илинден
8 мај, 2022