Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и членови на Левица, овој викенд беа дел од петтата планинарска тура која се одржа на планината Плачковица.
Дел од традицијата на овие активности е и посета и оддавање на почит на спомен обележјата на паднатите македонски херои кои се бореле за слободна и независна Македонија.
Овој пат, Левица оддаде почит на споменикот подигнат во чест на загинатите борци од Првиот плачковички одред кои биле првите тројца убиени во нерамна борба против бугарскиот фашистички окупатор на 13.XII.1942г.
Во текот на турата, го посетија и местото кадешто се наоѓала болницата на Главниот штаб на НОБ и ПОЈ за Македонија во 1944г., каде за жал голем број ранети во борбата против бугарскиот фашистички окупатор го загубија животот за слободата на својот народ. Нивната жртва и дело нема да бидат заборавени.
02.04.2023