Прифатена иницијативата на Левица за укинување на етничка графа во изводите

левица црвено

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Обидите за дезинтеграција на македонската нација и држава, преку сецесионизмот на т.н. ‘албански партии’ кој го дозволуваат СДС и ДПМНЕ, со крајно десничарски и нацистички практики за сегрегација и поделба на општеството – со поткопување на концептот за една држава ЕДНА НАЦИЈА, се оди на редефинирање на државниот концепт преку апартхејдски политики. Левица одлучно се спротиставува на овие погубни процеси.

Откако Левица, преку претставки до Уставниот суд, го оспори Упатството за водење матични и Законот за матичната евиденција, но истовремено предложи и времена мерка во изводите на родени, венчани и умрени да не се впишува националност, Уставниот суд пресече – од денес нема впишување на националност во изводите, се до конечната одлука на судот.

Истовремено, Уставниот суд одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на одредбите од Законот за матична евиденција со кои се предвидува национална графа во изводите за родени, венчани и умрени. Претходно, исто по иницијатива на Левица, Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на Упатството за водење на матични книги, донесено од страна на министерот за правда, Кренар Лога, кое има единствена цел да се протне двојазичноста и графата за „националност“ во новите изводи на родени.

412799637 935831907899874 6634715806461254793 n

Со ова, Левица и Уставниот суд задаваат удар на етно-трибализмот, кој во недостиг на идеи за подобрување на животот на граѓаните и со цел разградување на македонското национално единство, го промовираат криминалните партии ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, а кои преќутно го поддржуваат анти-македонската СДС и лажните патриоти од ДПМНЕ.

Потсетуваме дека ваков обид да се вметне етничката припадност во личните документи, власта на СДСМ и ДУИ – за што имаше и согласност од останатиот член на широката коалиција ВМРО-ДПМНЕ – имаше со Предлог-законот за лични карти, кој пратениците на Левица во Собранието го блокираа преку филибастеринг, поднесувајќи над 1200 амандмани.

Овие неуставни одредби во Законот за матична евиденција датираат од 1996 година, но никој досега пред Левица не се осмелил да се спротистави на оваа анти-европска и дискриминаторска практика на впишување на етничката припадност на граѓаните во јавните исправи. Со појавувањето на Левица на политичката сцена, конечна има партија која се спротиставува на обидите за спуштање на македонската нација на ниво на етникум, со што постепено се одзема нејзиното право да управува и ја развива и унапредува својата национална култура и посебност на оваа територија за чија слобода се дадени безброј жртви.

Го повикуваме Уставниот суд, што поскоро да донесе конечна одлука по Иницијативата на Левица и да го прекине процесот на дејтонизација на Македонија со тоа што ќе донесе конечна одлука дека двојазичноста и „националната“ графа во изводите ќе ги прогласи за неуставни!

20.12.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ