Со новите измени во Законот за наставници и стручни соработници власта ќе протне нестручен кадар пред локалните избори

clen13clen39

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Деновиве на дневен ред, па во Службен весник и во употреба ќе се најде Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта. Со која цел се интервенира во овој закон, кој е донесен од оваа власт во 2019 година, сега, неколку месеци пред локалните избори?

Со новиот Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта се намалува границата на стручност кај наставниците и стручните работници, кои ќе се вработуваат во основните и средните училишта.

Имено, ст. 6 од чл. 3 од Законот за наставници и стручни соработници гласи: „ Без положен стручен испит не може да се заснова работен однос на неопределено време“. Исто и во член 39 каде ставот 5, кој определува дека и стручниот соработник без положен стручен испит не може да се заснова работен однос на неопределено време што е сосема разумно – наставник или стручен соработник да има положено стручен испит со кој се утврдува дали наставникот или соработникот се доволно стручни да бидат дел од образованието. Но, со новата измена горенаведените СТАВОВИ СЕ БРИШАТ и стручниот испит не претставува услов за засновање на работен однос на неопределено време во образованието! Ова значи дека не е потребна определена стручност која до сега се бараше од наставниците и стручните работници, туку напротив, било кој кандидат и без положен испит за наставник или стручен соработник може да биде дел од образованието и тоа со работен однос на НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ! Со тоа се намалува стручноста во образованието и напротив, ние, како граѓани, добиваме неквалитетно образование. Намалувањето на стручноста на наставниците и соработниците, а со тоа и намалување на квалитетот на образованието се гледа и во чл.9 од Предлогот за измена и дополнување, каде наставникот кој се вработува по пат на јавен оглас и веднаш заснова работен однос на НЕОПРЕДЕЛНО ВРЕМЕ, додека во досегашниот закон вработувањето на наставниците се засноваше најпрво на определено време, а подоцна со исполнување на одредени услови, работниот однос се трансформираше на неопределено време.

Во Предлогот за дополнување, исто така се додава дека училишна комисија составена од три члена и нивни заменици од редот на ВРАБОТЕНИТЕ НАСТАВНИЦИ во училиштето, ќе вршат селекција на кандидатите и истите ќе ги разгледуваат документите доставени на јавниот оглас за вработените, како и ќе вршат интервју со кандидатите па ќе достават предлог до училишниот одбор. Дали наставниците во комисијата се стручни да го вршат сето тоа? Како оваа комисија ќе може правилно да оцени која документација да ја земе предвид и кој кандидат ќе продолжи во потесна селекција?

Во член 35 се додава нов став (6) кој утврдува дека членовите на комисиите кои се формирани од страна на министерот, кои треба да ја утврдат исполнетоста на професионалните стандарди за звањата наставник-ментор и наставник-советник: „ИМААТ ПРАВО НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТ ШТО ГО ОПРЕДЕЛУВА МИНИСТЕРОТ. ВИСИНАТА НА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТОК СЕ ОПРЕДЕЛУВА ВРЗ ОСНОВА НА БРОЈОТ НА ПРОЦЕНЕТИ АПЛИКАЦИИ И ДОКУМЕНТАЦИЈА НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЗВАЊЕ ПО ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК“. Истото важи и за измената во член 62 каде комисијата ја проверува исполнетоста на професионалните стандарди за звањата стручен соработник ментор и стручен соработник советник. Прашањето е, зошто не е определено која е таа утврдена висина на паричен надомест, или основен или среден износ кој би се зел предвид?

Со предвидените измени дополнително ќе се намали квалитетот на кадрите вработени во образованието. Ова е навистина многу висока цена за сè полош квалитет. Всушност, единствен мотив за вакви измени е некритично и неоправдано делење на решенија на 3326 партиски војници, кои дополнително треба да го обременат државниот буџет за сметка на тоа што ќе одработат на локални избори.

Левица како партија на која во фокус ѝ се правата на работниците смета дека токму ваквите неработници, а партиски одработувачи, кои изгледа не можат на поинаков начин да се протнат покрај кандидатите кои можат со знаење и способност да ги одбранат своите дипломи, се основна причина за донесување на овој Предлог на закон за дополнување на Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта.

Како контрааргумент ја повикуваме власта да наведе колкав бил бројот на ученици, а колкав бројот на наставници пред 10, 15 или пред 20 години.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ПРАВЕН СЕКТОР, СЕКТОР ОБРАЗОВАНИЕ
23 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ